Последно прашање ми е ветувам Зар ќе треба и мејл со документите да се праќа или само прикачување на iknow системот?
Дечки поради преоптовареност на iknow системот не можам да се најавам од 10 јули од кога и ми е пуштена пријавата електронска за на факултет, инаку јас сум бруцош годинава се запишувам. Поради тоа не можам да го испринтам никако интерниот пријавен лист. Дали има некоја девојка на форумов што годинава се запишува на протетика во Скопје, па да ми го прати тука па да го испринтам и да го потполнам рачно? Инаку повеќе пати се обратив до техничка поддршка на факултетот и ми викаат смени го пасвордот,и го сменав веќе 4 пати. Помош?
Леле од телефон сум немам лаптоп со мене ако не се снајдеш пиши ми ќе се потрудам да ти ги пратам во pdf
Уписи 2020 Имам некои прашања за електронското пријавување. 1.Во конкурсот за потребни документи најпрво што пишува дека треба да се прикачи е Образец А1. Кај мене не гледам ниту за да го испечатам ниту да го прикачам скениран... Порано го купувале но сега не знам... 2.Читав на форумов. Требало и наш потпис на испечатените документи па пак да ги скенираме. А датум 31ви ќе пишуваме или...? 3.Да ги праќаме порано или на 31ви. Бидејќи на конкурсот колку што разбрав треба на 31ви комплетното пријавување со сите документи. Па ќе имало прелиминирана листа дали сме примени, и има датуми за "официјалното запишување каде треба оригинални документи.И од еден факултет ни препорачаа да сме ги завереле копиите бидејќи остануваат оригиналот на факултет. 4.За во врска со тоа "Точност на скенирани документи" и "неконкурирање на друг универзитет" треба сами да ги пишуваме илии допрва ќе се појават на системот. Бидејќи мене документите за печатење ми излегоа многу подоцна,и тоа само 4. Па потоа отворив тикет за iknow системот и ми го средија проблемот па ги добив и универзитетскиот лист и уплатницата... 5. А и вчера ја сменив насоката па пак ја пратив другата бидејќи смеело да ја смениме. Нема да е проблем нели...
Оваа електронската пријава што е на последното поле кликнав прати со податоците а документи не прикачив. Ништо не разбирам треба да се прати без документи или како.
Па јас кога ја испратив системот за прикачување на скенирани документи не беше активен. И притиснав на "Прати". Сега кога ја сменив пак ја пратив без документи бидејќи кога ја праќаш на екран пишува дека пријавата ќе ја разгледа комисијата... Ако не ја пратиш како ќе ја разгледа. Оваа година со уписиве е хаос. Се обидувам да се снајдам но сепак ништо не разбирам....
На другар му помагам со уписите зошто ни он не знае како е баш процедурата, а општо многу конфузна беше и пред корона сега па беља работа е. 1. А1 Образец не се копира, тој се купува во книжара. Прв пат слушам дека можел да се копира, може грешам, на другар ми не му се појавил таква опција го купи. 2. Да, треба да ги ископираш, да ги пополниш и да ги скенираш. Не се знае дали рокот е 31ви, факултетите ништо не кажале. 3. Документите прикачи ги што можно поскоро, не чекај до 31ви! Потребните датуми можеш да ги видиш во pdf документот за конкурдот. 4. @lttlbtch ги прикачи на 832 страна се. 5. Не би требало да е проблем. Многу е потешко да се запишеш зошто не знаеш дали ги имаш сите документи, па од студентски нешто мењаваат во системот. Катастрофа!
Да се надоврзам, да прашам нешто околу тој А1 образец. Разбрав дека треба да се купи, ама немам можност да го прикачам скениран, а постојано прават измени, не знам сега дали треба или не. Не сум од Скопје, ќе треба или да одам до Скопје за да купам или да ми прати некој, да не се малтретирам ако не треба. Си реков да почекам додека да го средат системот ама не знам..
Извод од матична книга на родените мора да е нов и не постар од 6 месеци , некои ми викаат да а на страната на факултетот пишува независно колку е стар
i mene ova ne mi e jasno, kade e toj broj na svidetelstvo i za site 4 li e istiot. Dopolnitelno prasanje, dali ako sum apliciral vo stranstvo(slovenija) nemam pravo da apliciram na ukim? Ima izjava za nekonkuriranje na drug univerzitet sto mora da se potpise.
Образец А1 е исто со универзитетски пријавен лист и како што знам треба да се купи од книжара. Јас за секој случај го купив и пополнив и плус од електронското пријавување на iknow ја испечатив универзитетската пријава, ставив датум и ја потпишав, па на еден pdf документ ги ставив двете и ги прикачив на iknow и ги пратив на mail. Никој не знае точно дали мора да се купи или само таа онлајн што е да се потпише, вака е сигурно океј зашто ги имаат и двете.
Тоа е на секое свидетелство горе десно, јас не го пополнив на пријавниот лист, лани другарче не го пополнил и ништо не му кажале. А за Словенија не смее да се конкурира и тука и таму.
А каде ги наоѓате еmail од факултетите. И кога да ги пратиме на email. Бидејќи знам дека треба на 31ви а не порано...
Значи сега за тој А1 образец ние шо не сме од СК треба да одиме сега до СК да го купиме и да го прикачиме скениран?