да извадов потврда и ја дадов денес на факултет па сакам да знам дали може тоа нешто да помогне дали има некаква улога?
абе можеби ќе помогне ама...зависи која националност си и колку има од истата пријавени на тој факс. и не знам дали си таа националност или не, нема да навлегувам во тоа, ама мнооогу многууу луѓе ја менуваат националноста да влезат на факс. само тоа е веќе премногу прочуено и не знам дали и уште колку ќе пали
да знам за тоа и јас кога ја земав потврдата колку само нови имашееее...сакав само да знам дали има некаква улога
би требало да има некаква улога, ама зависи и која националност имаш. колку е поголем процентот на таа националност во македонија толку повеќе луѓе ќе примат и толку повеќе шанси имаш. ама најубаво почекај ги резултатите, тогаш ќе знаеш
Да во право си martinuskа, и само заради тоа ние (малцинствата) не успеваме да се запишеме. А сепак тоа е наше право...
Е како не. После каде ќе студираат мамините и татините ќеркички и синчиња, кои се премногу мрзи да фатат книга, а сакаат да бидат со академско образование? Ако го затворат, ден на жалост ќе прогласиме , во чест на претходно споменативе особи.
Тоа е измислено право. Според мене нема никаква логика. Има ли разлика во македонската, албанската, српската, влашката, ромската 5-ка? Повикувајте се на покажаниот успех, а не на националната припадност.
Прашањето со националноста не е за да се види кој е ром, бошњак или слично, туку на факултетите треба да има одредена застапеност од др. националности освен македонската. Бар јас така знам.
И јас вака слушнав. Но и да се затвори по закон ќе мора да се дошколуваат студентите кои веќе учат на таму.
Др. националности влегуваат вон-квота. Значи не ги бројат како што нас не бројат на пример 120 души и толку, тие влегуваат според процентуалната застапеност на националноста во земјава и нема некои посебни квоти туку и они плаќаат 200 или 400 евра (знам по другарка)
Има резултати од ФЕИТ, од Економски и од овој Музичкиов. Одете на страната факултети-факултети, тие што се на фејсбук, редовно објавуваат новости. http://www.eccf.ukim.edu.mk/files/Listi ... Skopje.pdf http://www.feit.ukim.edu.mk/novosti/rie ... pisien-rok
Е тоа видиш, не знам. Не сконтав, т.е. ти додека не ме праша, дали се овие сите кандидати кои аплицирале или само примените. На штипскиот универзитет ги даваше само примените, затоа ме збуни ова. Дап, само пријавените но не и примени - Список на пријавени кандидати за запишување во прва година на Факултетот за електротехника и информациски технологии за учебната 2011/2012 во првиот уписен рок