А ние шо не сме од Скопје кај да бараме А1 образец? Јас ќе го прикачам само универзитетски пријавен лист шо го има на Iknow . Нелим оваа година со скенирање е за да не се прави гужва во студентски прашања така и рекоа и сега му текна А1 образец во конкурсот. Батал држава.
Е ајде де. И јас мислам дека е глупо така. И јас не сум од Скопје, прашував неколку личности и еве уште чекам некој да го купи и да ми го прати.
Само во книжарите околу факултетот. Ама ја мислам дека и тој пријавен лист е ист, бидејќи во некои факултети( финки, факултет на музичка уметност) не барат образец А1 само пријавен лист.Да го испечатиме и да го потпишаме.
Не треба да купуваш. Идентично е со фајлот од iknow. Какво е тоа праќање на маил? Кај пишува дека треба и што треба да се испрати на маил?? За финки прашувам.
Ама се и си мислам дека од лани муе копиран конкурсот и плус нешто додадено како тоа дека ќе се пракаат по емаил. Па после известија дека ќе се скенира и на Iknow шо не пишува во конкурсот. Па така да наместо А1 образец на Iknow пишале унив. приј. лист. Ама пак ме чуди оти некои велат дека е изменет тој А1 образец за годинава и дека треба пак да се купи. Абе кога ДУИ ти води образование пиши чавка. Јас ќе го прикачам само унив. приј. лист од Iknown кај да го барам тој А1 не ќе го цртам.
Девојки дали има некој што ке се запишува на филозофски факултет смер педагогија и дали ке може да ме исконтактора бидејки ме бунат некои работи во врска со онлајн уписите . Во благодарам ❤
А1 образецот е ист со универзитетски пријавен лист но оваа година е различен т.е различни полиња има , мораш да го купиш , да го пополниш и да го прикачиш кај полето универзитетски пријавен лист. Тој од ајноу служи само за да гледаш како да го пополниш А1 образецот а не се прикачува. Образецот се купува од трафика/книжара блиску до факултетот.
Луѓе не го гледајте ова во конкурсот, копирано е од минатите години..секој факултет си има објавено што да се прати на меил и баш никаде не се споменува ова
Imate li nekakva informacija za kakva ke bide nastavata godinava na fakultetive ili uste nisto ne se znae
Пополнувањето пријава во iknow ти е тоа. Не се знае. Инаку за А1 образецот ако не сте толку сигурни, прашајте на студентски прашања дали каде треба да се прикачи.
Само шо ми јавија, другарката шо требаше да ми земе образец а1, ми кажа дека не и дале и да си го испечатеме. What? Како можи на некој да дават, да купат на некои не?
Дечко ми ѕвонеше во студентски прашања тоа шо е, му кажааа дека се купувал образецот одпосле кога ќе сме запишани. А можеме да го прикачеме овој од iknow системот. Ии дека мејловите можат уште сега да се праќаат со сите тие документи