Ми треба итен одговор. Една другарка моментално не е тука доаѓа утре. Дали може документи да се достават и 31 и 1 или мора до тогаш?
Документи не се доставуваат на 31 и 1, само треба да се прикачат на уписи.уким и да се пратат на мејл. Физичко носење на документи ќе е на 10 и 11ти
Дали знае некој дали се земаат во предвид и дипломи од државен натпревар? Прашувам зашто забележав дека на iknow во местата за прикачување има и едно на кое пишува Награди Исто дали на iknow мора пред 31ви да се комплетира пријавата или може и на 31ви зашто треба во понеделник да уплатам во банка:/
1. Да , но само за факултети каде што ќе има голема конкуренција (пр. медицински) , за другите регуларно според поени 2. Можело најкасно до 1ви некаде до кај 14 или 16 часот така да можеш и на 31 ви
Мене ми се јавија од Филозофски за да ги испратам документите дека не ми беа пратени ги прашав дали ке треба да се оди на 30-31 до факултет и со присуство да се пријавиме таму ми одговорија дека нема потреба да се доаѓа се ке е електронски поради ситуацијата со вирусов
Дечки а што да правам јас што сеуште не ми е активирана опцијата за прикачување на скенирани документи на iKnow? Heelllppp
Aктивирана е но има некој проблем и на некои компјутери се уште покажува дека не е. Кај мене на лаптоп нејќеше и пробав од компјутерот и се си беше океј. Доколку имаш друг компјутер пробај од таму или оди кај другар,пријател да се снајдеш