Значи феминки јас како што разбрав на уписите со нас треба да носиме слики и новац во нас така? Само тоа? Јас сум на медицински во Штип и појма си немам.. сите различни димензии ми кажуваат за слики па... ајт ако знае некоја нека ми каже... Тнх, поздрав
Jaс заборавив дека денес е неработен ден и сега немам од каде да извадам слики Имам само една таа што ми треба од 2x3, а другите две поголеми што ми требаат немам.И сега стварно не знам што да правам. Инаку може ли фотографиите да бидат од тие од табло на пример, пошто знам моите другарки земаа такви лани... И друго што сакам да прашам.Оние студенти кои се со стипендија односно во првите 10 треба ли да ја уплатат ратата секако, па после ќе им пристигнат пари како стипендија или?На факултетот на страната не пишува ништо, а погледнав на други фак. и таму си пишува кои се тие 10 и дека треба да се запишат и потоа ќе и стигнат пари.Е баш поради тоа јас сум во конфузна ситуација.Некој да ме просветлеи?
Можеш од матура, пак ќе речам, јас имам проблеми со таа слика, не можам да ја гледам. Затоа се пресликував. Само гледај да одговараат димензиите. Веројатно, 1209, стипендиите се во паричен износ секој месец. Ама веројатно, уште ништо не е сигурно. Јас ќе уплатам рата од 100 евра, па ајде, шта буде нека буде. Една другарка прашала вчера на факултетот за тоа, не знаеле ништо да и кажат. Се прашувам што воопшто знаат ??
Aбе ајде џунгла ништо не се знае. И јас ќе уплатувам веќе си испланирав парите така да после ако стигнуваат нека стигнуваат што да правам. Луда работа не ми се јасни овие од факултетите жими се...како воопшто за ништо да не ги е гајле.
Од кај па ова тие први 10 да платат рата? Тие 10 први луѓе на листите не добиваат класична стипендија, туку стипендијата е ослободување од партиципација, не е објаснето ни на страната на факултетот точно дива лига е но има напишано тоа се стипендии кои се доделуваат на почетокот на годината. Нема никаква шанса да ви ги даваат парите секој месец. Не плаќајте пред убаво да се распрашате. Едит. Еве прашав едно другарче од ПМФ и лани имало нешто слично за првите 5 души. И не плаќале партиципација, но сите останати трошоци си ги платиле.
Епа тоа е проблемот росонерка, што и да се распрашаме, ништо. Вчера цел ден ѕвонев на студентски прашања, не се јавува никој. Другарка отиде до самиот факултет да праша, не и кажале ништо. Не знаеле. Ами, јас ли да знам. Само се разјасни дилемата околу тоа кои уплатници да ги носиме. Не знам кој им е проблемот, ама до толку неорганизирано, не знам. На страната ништо не објавиле, како да е толку тешко едно соопштение со големина на постов да објават. Јас трипати преброив, и сум меѓу тие први 10, ама никој ништо не ми кажал. Утре ќе ги уплатам тие 100 евра, што друго да направам. После веројатно нешто ќе вратат.
Еве од факултетот на сестра ми има известување Така да сигурно е исто на сите факултети, а студентски прашања се дива лига добро што уште пред уписи си дознавте за тоа. Лани не плаќале, годинава на некои факултети има известувања да не се плаќа, така да ваше си е. Знајте нема да ви вратат. Пари никад не враќаат, односно тие пари се на твое име на нивна сметка и ќе ги искористиш понатаму, нема да пропаднат, ама да ти вратат НЕМА!
Па да така е ама ете не пишува ништо на овој факултет.Погледнав на други каде што ги има конечните ранг листи и си има напоменето(на Шумарски пишува дека 10те треба да се запишат а потоа ќе го добијат надоместокот) затоа е и збунувачко.Прашав и јас за ланска година што добивале едни ми рекоа едно, други друго... П.С. административна такса се плаќа за заверка на семестар и за пријава за запишување, така?
За медицински факултет нешто не ми е јасно. Нели има општа медицина, логопеди, физиотерапевти, сестри и радиолошки техничари. Сите тие се бројат како различни факултети или не? Зошто јас сум во првите 10 ама ако сите се сметаат ко еден е тогаш не сум во тие 10 :geek:
Мартинушка, се гледа од цел факултет. Значи сите тие се смерови, а стипендија добиваат првите 10 од цел факултет. Затоа јас броев на Филолошки, оти од сите смерови требаше да се гледа и сум меѓу првите 10, имам листа. Ама што нема ништо, е тоа ме буни. Кет Кити, нема ни на Филолошки, сабајле гледав нема ништо и на Економски. Друга најверојатна опција ми е пред да уплатам, да отидам убаво да си прашам дали треба да платам или не. Секако не ја објавиле жиро сметката, мора во тоа банкичето таму да плаќам. А да, пазете, не е иста жиро сметката со таа што плаќавме 300 денари. Да не се зафркне некој.
Кај нас убаво си ги пишува жиро сметките и ко истите да се од минатиот пат http://www.medf.ukim.edu.mk/upload_vest ... 320252.pdf еве за на медицински ако му треба на некој ако друго не, бар тоа пишува :geek:
Jaс сега се слушнав со мојата цимерка и таа е на стоматолошки меѓу првите 10, исто и кај нив не пишувало нешто ама татко и бил да праша и му рекле дека немале уште информации ама да не уплатува дека до среда ќе ги добиле потребните иформации и ќе им кажат што како кога ќе отидат да се запишуваат.Така да јас конечно не уплатувам ќе земам пари па ако ми речат дека треба ќе отидам и ќе платам.
Јас вчера плаќав 750 денари на друга сметка, тоа бројчињата доле беа различни. Леле, колку сме само изгубени, не е можно.
сметката за 750 денари е иста за сите факултети и да се разликува од минатиот пат, а мислев на сметката за плаќање на рата( конкретно за филолошки) е иста
^А на оваа сметка има само повикување на број и програма а приходна шифра не...дали е заборавено на страната кај мојот фак. да пишат или така треба.И за оваа не треба админ. такса нели?А да и уствари назнака е назив и седиште или нешто друго(колку глупо прашање)?
Ајде и тука да пишам. Во индексот на првата страна каде што пишува студиска програма треба да пишува додипломски студии? А кај насока/оддел/модул треба ЕКТС?