Такви се. Знаат и студентски да не отворат на време, на мене константно ми ги грешат предметите во iknow.
Спремајте се за ова патешествие. Цело студирање ќе е вака, сите се такви. Нема молење како во средно, сега обратно ќе е. Не е само да ве примаат и да учете. За професорите треба човек и психички да е спремен, најозбилно
Чим до сега мејл не добивме нема ни да добиеме. Факултетите ни се циркус шоу а тек можам да претпоставам што ќе биде во тек на студирање особено ние на медицински. УКИМ колку и да звучи као нешто уау најдобар универзитет во МК од внатре е мртов , ништо живо не функционира.
Луѓе индекс за сите факултети ли е ист, дали може уште утре да купам, каде може да купам? И уште што ќе ми треба за уписс да купам од скопје
Да ист е за сите, се купува од книжарите околу факултетот. Кога сакаш можеш да купиш , ако живееш надвор од Скопје тогаш на 10ти. Индексот доаѓа со студентска легитемација и со проѕирна налепница. На индексот и легитемацијата залепи си слики со налепницата не знам што се прави. Мислам дека индексот, 3 слики мали и да уплатиш 750 ден. Тоа 2те слики се за индексот, третата не знам за што е. Автоматски враќаат, значи системот изгледа се укочил па затоа некои не добија повратен мејл. Едит: Вие што живеете надвор од Скопје и ќе се запишувате на ПМФ образец можете да најдете во горната зграда на самиот влез. Не знам дали продаваат индекси таму, но одете во Автокоманда има книжарници што продаваат само распрашајте се!
Да ќе треба да пополнуваш со твој лични информации. И кога ќе одите на 10ти ќе треба да пополнувате и дополнителни документи таму. Чист совет: имај 3 мали исечени слики, носиси пенкало и уфо лепак.