До денот на запишување на студентите треба да е платено , т.е до 10 и 11 септември 1. Индекс , студентска легитимација 2. три фотографии мали 3. пријавни листови (ко А1 образецот , се купуваат исто во книжари) 4. 750 денари на сметка на факултетот 5. 1000 денари на сметка на факултетот (ова е на медицински , не знам за другите за електронска картица) 6. 6150 ден или 12300 ден (државна/приватна квота) уплатени на сметка на факултетот 7. И документите што не ги однесовме физички т.е свидетелства , извод , државјанство , диплома и А1 образецот.
Налепницата се реди над сликата во индекост. Во врска со сликите, едната најмалечка е за легитимацијата, од другите две, едната е за во индекост, другата за досието на факултет.
Леле немојте пред време да ја лепите сликата. Односно тоа фолијата нели одозгора зошто печат нема да може да ви стават. Лани се обрукав така на уписи. Ме тераа нов индекс да купувам, среќа се снајдовме со една колешка и она ко мене залепила, па ги одлепивме тие проѕирните и ни ставија печат некако. Прво нека ви стават печат, после ќе ја лепите.
Кога јас се запишував пред 2 години, немавме налепница и индексите ни беа со тврда корица. Од минатата година се сменети и квалитетот е уште срање.
A чекајте на денот на уписите ни ги печатираат индексите и све тоа или таму ги оставаш , како оди тоа? @злоба @Dream-Girl
Да да ви удираат, плус дополнување на дополнителни документи ти проверуваат дали имаш се и ги оставаш таму. Не ги оставате таму ваши се.
Ние таму ги оставивме. На 1 октомври мислам ни ги вратија со бројче на индекс напишано со маркер и печати таму и не знам више уште шо имаше.
Кај вас после 1 октомври. Ќе ги носите за потписи, полагања, упис и заверка на семестар и внесување оцени само.