Дечки, прашувам за едно другарче. Сака да се запише на ова, ДИФ или ДИВ или како и да е... Можете нешто повеќе да ми кажете ??
Треба да напишеш кај студиска програма "ОПШТА МЕДИЦИНА", насока , оддел, модул "ЕКТС", назив, "доктор по медицина-medical doctor, MD"
Кај студиска програма факултетот, смерот не знам точно ама не додипломски. Кај мене ми е пишано тоа што го студирам и тоа го оставив празно кога го носев индексот таму ми го пополниле сега баш загледав. А насока модул ми стои празно значи не мора да се пополни
Конкретно што сакаш да знаеш? Еве за оваа година мислам се запишаја околу 80 студенти. 45 влегоја во државна квота. Поскап е од другите факултети. Оваа година ќе се одело на скијање и пливање. Кога ќе се запишуваш треба да додадеш плус 1400 ден. за лекарски преглед кој ти го вршат веднаш. Потешки предмети демек биле анатомија и гимнастика. Ова кај секого индивидуално. Ако другарчето ти е спортист и душа дава за спорт тогаш нема да погреши.
Ќе се соберете сите бруцоши, ќе ви ги претстават деканите на сите факултети; ректорот, најверојатно министерот за образование и уште некој ќе одржат говори и ќе ви посакаат успех во студиите, па ќе има најверојатно и неколку забавни точки
Не мора да одите, еве јас ти кажувам. Минатата година џабе пари дадов за автобус и џабе се тегнев по жешкото.
па за тоа и јас прашувам само малтретирање кој ќе слуша разни говори, а знам дека ништо посебно нема да кажат иначе фала на одговорот
Кога се запишував на пријавата имаше да заокружиш професионални студии или академски студии...а не погледнав дека подолу пишувало професионални или академски студии по ЕКТС...заокружив на првото кајшто пишуваше само академски студии по старото...има ли некаква врска тоа,ќе ми прави ли некој проблем...кога видов дека пишувало академски студии по ЕКТС веќе бев заокружила кај првото и оставив така. А да прашам за на 15ти нели велат ќе имало свечено доделување на индексите...а од кај излезе тоа дека присуството не е задолжително...нема да не соберат по смерови како што правеа во прва средно??
Пак јас. Со прашање. Овојпат прашувам за другарка. Има ли на државен да се студира за графички дизајн - или нешто слично - или само на приватните го има тоа ? Ако го има, каде го има и каква точно струка ќе се има после. Знам дека ќе биде графички дизајнер, него освен изработка на реклами, визит карти и такви ми ти ствари, што може да работи друго?
Waka Waka да овозможи праќање на лични пораки за да можам да и одговорам на прашањето. Се надевам дека ќе прочита во темава.
Абе луѓе јас сум матурантка годинава..и уште од сега не малтретираат да сме одбереле што ќе сме полагале..јас македонски и англиски ќе полагам..а другиве бизнис(пошто сум економски), е сега сакам да прашам дали може да полагам француски или не може бидејќи ќе полагам англиски екстерно или нема врска тоа?? (сакам на филолошки да одам)
Сакав да прашам кој предмети ги бараат за матура за факултет оптика? Претпоставувам физика, биологија, но дали има некој подетални информации ? И дали проектната задача има врска со факултетот??
Проектната задача не е никогаш поврзана со факултетот.Значи тоа е еден вид оценка која не се смета кога ке одиш да се запишуваш. Во врска со предметите потребно е се што е поврзаноп со тоа.Значи физика обавезно,за биологија не сум сигурна.Ама мислам дека не бидејки братучед ми студираше на тој факултет ама не му беше многу потребен.Ке се распрашам и ке те информирам. Кicky не сум сигурна дали можеш да полагаш француски бидејки мојата генерација кога полагавме мораа да одбираат мегу Математика и Англиски.Сега можеби има и промени но не сум сигурна.Најдобро е да се распрашаш кај твојот класен раководител најдобро ке ти објасни
4та сум и треба уште малце да изберам предмети за полагање на државна матура.Ме интересира кои предмети е најдобро да ги изберам ако одам на Правен. ПС. ако знаете и за економски, другарми сака на тоа.
Знам дека за на Правен Историја обавезно треба да одбереш, а уште еден предмет не би знаела да ти кажам.