За општа медицина ? Или за тригодишните? едит. Сега видов дека си пишал за стручните студии... Не знам зошто би направиле така, само за на општа пишува биологија и хемија само...
Не ми менува ништо , 2-3 места подоле ќе сум но битно да влезам државна ама работата е што не е фер така да прават пошто на некој тие 2 бода ќе му значат квота , не секој има 400 евра да плаќа школарина на "квалитетниве" универзитети. Ова сигурно е некоја лоповштина за да пикнат некого , се знае како оди таа работа. Среќа што мене не ми значат многу поениве но сепак е чист безобразлук кога во конкурсот убаво си пишува што и како а они прават други математики ,треба некој да ги тужи изгледа.
Да не знае некој да ми каже на филозофски 10-11.09 од колку до колку часот ке се подаваат документите за упис
Секогаш било така. За некој со врски немало место во државна квота, па некој рандом ќе го бувнат во приватна...
Тие од почеток знаат кои се примени и кои треба да се примат какви приговори ова мачкање очи само. Мое мислење.
Знам како оди , жално е ова факултетиве ни се за никаде. Се чудиме после зошто народов умира кога некој Петко со 70 поени го примаат во државна а некој што е потенцијал за медицина или нема да го примат или ќе го примат во приватна квота да го ошурат финансиски. Мислам разбирам и врски и се ама ова е дно дна , никаде го нема ова што го прават кај нас.
Во група имав луѓе примени со 99бода и во државна квота шо се откажаа уште прв семестар и никад веќе не се појавија на факс. Не е битен почетокот, примаат се живо и диво за пари, битно е да си истраен до крај. И приватна квота да си, еден ден парите што сме ги давале ќе ни се вратат имајќи ја дипломата, најбитно да те примат е само, а за врски има и тоа премногу, знаеш каква држава е корумпирана ова јасно ни е на сите...
У генерација си ми бил завршив и јас медицинско. А знаеш ли зашто не се запишав и јас на општа? За да не го трпам трпам тој терор и здравјето да не си го скратам. На оние што сами се трудат да успеат,учат и се снаоѓаат без врски им се клањам.
се согласувам , само да гледаа малку колку студенти со огромен капацитет се откажуваат поради финансиски недостаток и затоа што се на приватна е не на државна , на страна што не се само тие 400 евра , кај се книгите, индексот и се останаато .. А тие со врски што се секако покрај тоа што ке завршат лесно и без проблем па и државна квота се .. и потоа тие ке бидат вработените на високи позиции..
Мене знаеш шо ми е најкриво за вас од средно медицинско у Ск? Шо многу не одите на медицински после поради тоа што у средното ви лупаат доста слаби оцени и таму е доста корумпирано. А имате супер основа и од голем број од вас би биле супер медицинари. Се тепаат и таму за уписи и за деца без врски е многу тешко, знам јасно ми е се. Другарки и другари од таму доста имам, едвај влегоа во приватна квота зашо им ставале тон 3ки 4ки, а многу знаат и на факс еве топ им оди со оцени и се, а голем дел и не успеваат да се запишат ради послаби оцени. Многу работи не се регулирани кај нас у образование и има доста пропусти.
Ова е тоа што ве челичи, допрва неправди ќе гледате, ама тие неправди ќе ве направат посилни. Нека ве мотивира крајната цел, покажете им дека колку и да ве бувтаат, вие уште толку ќе станете. Јас немам ни в од врски, се со свој труд сум постигнала, и сум паднала, и пак сум положила, и не се откажувам. Мене лично, уште повеќе инает ме фаќа за да учам, и за да докажам дека не ти требаат врски за да положуваш и за да бидеш добар студент. Ќе се помачам можеби повеќе од врскаџиите, ама секогаш ќе имам повеќе знаење од нив, а тоа е тоа што ми е мене важно. Со среќа нека ви е!!
Потполно си во право. Шибаа оцени од ракав како ќе им текне и оцената ти зависи од тоа дали си им симпатичен или не, ако не на заб ќе те стаи цела година. Баш со мајка ми зборевме пред некој ден како не малтретираа само и колку сум плачела дома ама успеав некако сама да се изборам и без ничија помош и солиден просек извадив на крај. Да отидев во некое полабаво средно(нигде не е лабаво ама полабаво од медицинско сигурно е) ќе извадев боље просек и ќе влезев каде сакам. Ама не се каам што запишав средно сручно затоа што дипломата ќе ми вреди и никогаш за леб нема да трпам што и да ми се случи во животов. Вака мислам дека и океј факсов каде што ќе одам пак е медицина,биологија. Ваму ми го убија мотивот за учење кога ќе ми текне само со каква љубов се запишав и сонував за бидам доктор Едит: Медицинско средно по врскаџиско школо НЕМА
Со среќа на сите што оваа година почнувате со студии. Се надевам дека ве примија баш таму каде што сакавте. Непроценливо е чувството човек да го учи тоа што го сака. п.с. и другарка ми (од чие име поставував прашања во темава) е примена, според прелиминарните резултати.
За жал , врските се неизбежни. Ако гледаме реално пола од запишаните на медицински одат колку да имаат факултет и да земаат плата а не од вистински што го сакаат тоа. Не се станува доктор со бубање на памет и со фаќање врски , за да биде некој доктор мора да има предзнаења барем некакви фундаментални познавања од биологија и хемија , да биде филантроп и човек со добра психа , да ја сака медицината ко животна професија и ред други работи. Повеќе ценам студенти што паѓаат испит 3 пати и го презапишуваат но со реално знаење ќе го положат кога тогаш него такви што се местат за полагање кај професори само за да го положат предметот. Па утре 10ката нема да лечи луѓе , ќе лечи тој што навистина вложил труд во факултетот , но тоа е нашиот менталитет. Врски буквално за секоја дупка во која може да се влезе
Многу точно. И не е оцената секогаш мерило за знаењето. Знам деца кои имаат заслужени 10ки, ама реално е дека има и такви со врски, што немаат појма а 10ка имаат. И не значи дека ако јас имам 8ка, знам помалку, или сум помалку интелигентна од тој со поклонетата 10ка. Има пак и такви, кои имаат без врски добри оцени, ама ги стекнале со бубање. А медицината не е нешто што се буба, медицината треба да се разбере, се е поврзано. Грешка е голема да се учи на памет материјалот на медицина. Оти во пракса, никој нема да ти бара на памет да раскажеш лекција. Ќе треба да ги поврзеш симптомите, и да поставиш дијагноза, што реално, никогаш не може да се постигне ако не се учело со разбирање.
Секако и утре нашиот и животот на нашите деца ке зависи од тие доктори што добиле дипломи поради мама и тато а не од љубов , па не ми е јасно не ли гледаат по факултетиве за џабе ли пишувавме работна позиција која е на еден од родителите неможат малку да разгледаат дека некои деца се со 100 поени а родителот е на слаба работна позиција па да помогнат на тоа дете да влезе во државна или влегуваат тие со директори ии што поседуваат фирми , не велам дека тие не заслужуваат но утре и нив ке ги злоупотребат само затоа што родителите им се полни со пари , сум имала другарка на која не и го ценеа знаењето сите очекуваа кеш да добијат бидејки татко и секако фирма имаше и тоа го знаеа сите професори
Јас си стојам дека важно е желба да имате кон нешто. Друго е небитно. Некои професии се поперспективни од други, но тоа не значи дека се помалку важни. На медицина се запишуваат над 300, а само околу 50-60 завршуваат, така да. Сега секако, ќе имате омилени и не толку омилени предмети. Упорноста е на прво место, залаганоста и читање чат-пат нешто друго освен материјалот за колоквиум/испит. На почетокот ќе е тешко малку со уплатнци и се тоа додека се навикнете, после ќе ви е рутина. Малку е жално што ќе немате прилика да го доживеете првиот академски час, да се запознаете со новите колеги, да видете каде ќе ви поминат идните 3-4-5-6 години, но тоа е. Колку можат ќе ви помогнат студенти на сите универзитети кои се на форумот. Ви посакувам среќа на сите бруцоши!
А кажи ми ти пред да идеш на лекар нели се распрашуваш кој е најдобар лекар во таа област? Не се иде кај секој туку кај лекар што навистина знае и има помогнато на луѓе. Џабе завршиле и специјализирале со врски ако не знаат да работат. Еве што сакам да кажам: