Не се чудете и да задоцнат хахахахх. Државна служба се, што сакаат си прават. Нас лани за во студентски дом, на 30ти Септември, во 11 часот навечер ни објавија дали сме примени, а на 1ви почнувавме на факс. Е до толку се безобразни. Затоа и ви викам, да не ве чуди и ако не објават одма, сѐ е очекувано од нив. Како и да е, со среќа на сите!!
Да треба но мислам дека ќе излезе покасно изгледа поради тоа што четврток излезе прелиминарната па петок гледаа приговори а сабота и недела изгледа не работат и денеска не ми се верува рано да излезе листата али ќе чекаме.
Да 120 со 180 е и во конкурсот. Не дека нешто е за пофалба, просто не е реално колку 100ки има на сите факултети собрано.
Со среќа нека им е на сите кои се примени, во било која квота, ама тоа што 200 души се со 100 поени на медицински, не личи на ништо. И не е воопшто фер. Деца со 96 поени не успеаја да влезат (aka деца што имале по 2-3 4ки максикум). И не им дозволуваа да приложат сертификати на деца кои немаат 100 поени бе. Зошто да не смеат, не е воопшто коректно тоа. Не дека матурата беше некој верен показател, ама бар имаше некакво рангирање. Ова стварно на ништо не личи. Требаше приемен испит да се воведе, на медицински, и на сите факултети на кои е слична ситуацијата. Како и да е, со лесно на сите, сепак, тие деца на кои им биле реални поените, дали 100, дали 97, ќе се истакнат понатаму.. тие што биле со поклонети, ќе бидат исчистени уште на првите колоквиуми.
Точно така. Според мене на медицински требаше пријавен да стават и пола од овие со 100 поени ќе се изгубеа ќе можеше да се даде шанса на некој со 80,90 ипак е медицина не е заебанција
Не сум на Медицински, но колку кандидати со 100 поени има е просто нереално. Не на сите им се заслужени тие 100 поени(секоја чест на исклучоци), но 90% некој со помалку поени кој не успеал да влезе ни во приватна квота го заслужува местото на Медицински. Оваа е заради тоа што немаше никаква селекција(освен со дипломите и наградите што е без врска). Океј немаше услови да се полага матура, ризично беше итн. итн....., но требаше да има приемен испит со кој што навистина ќе се извадеа реални поени... Не само на Медицински, од прелиминарните листи и на други факултети многу имаат конкурирано со 100 поени, но тоа е, секогаш така сме функционирале како држава... Ви посакувам успех во студирањето на сите што сте примени, сите со 10ки!
Ви посакувам многу среќа на сите што се запишувате многу успеси да постигнувате во секое поле и да не се откажувате затоа што можете да постигнете многу со желба и труд!! ❤️
Да 13ти по ред , државна квота 13ка ми е баш животен број на 13 мај сум роден , во основно бев 13 број во дневник , 13 сум рангиран XD