Па конкретно на конкурсот стои 10 и 11, кога ќе излезат конечните листи најверојатно ќе објават и подетални информации за запишување
Здраво драги другари, честитки на вие што сте примени ! И на вие што не сте примени , не откажете . Не е крај.
Официјално со среќа на сите примени, сега сте академски граѓани и одговорноста ви е поголема. Да ви посакам многу челични нерви, трпение, волја и истрајност до сам крај. Зависи што карактер сте, на некого повеќе ќе му влијае факултетот, на некого помалку на психата и тоа е факт. Но, ќе со соочите со многу ситуации, луѓе, професори, различни карактери за кои ви треба трпение. Може да се случи да имате и неуспех на некој предмет, но немојте никако на некоја препрека да се откажете, бидете истрајни до сам крај. Избегнете и муабети и луѓенца шо така зборат за споредби со други или омаловажувања и фалби на одредени поединци, не ви треба таква негатива, а на факсови често се дешаваат такви глупи муабети кој шо паднал и положил, тоа не ви треба, нема да ви влијае убаво и глејте да не сте инволвирани. Еве нека биде еден совет од мене. Ви посакувам да имате лесен почеток на овој тежок пат кој бара многу упорност, но на крај ветува многу. Со среќа уште еднаш!
Ајде уште еднаш честитки и официјално на сите примени Се надевам дека ќе го искустите чувството човек да го обожава она што избрал да го учи! п.с. Од колку до колку часот ќе траат уписите на 10 и 11? (за УКИМ, конкретно)
Честитки и од мене до сите бруцоши, само храбро и со помалку стресови и паники. Причината за многуте 100ки сите ја знаеме, во средно 5ки се пишат како локум, изгубени се сите можни критериуми, стандарди, вредности..., исто и матурата тука игра улога, иако не беше некој релевантен начин на проценка на знаењето. Според мене, голема грешка се направи со тоа шо немаше приемен испит на факултетите каде шо има поголема конкуренција, ама па шо се залажувам и самиот кога едвај организираат испитна сесија, камоли приемен.
Од г'з папир е правена страната. А што не постираат институтите на нивните страни? Топ си функционираат, а не овака 200 души чекаат разултати па да ве мавтосуваат!
Другарка ми кажа дека минатата година од ПМФ последни добиле резултати, накај 18-19ч. лани излегле...
Дечкиии, помагајте... Пред малку видов дека сум влезена во државна квота на Стоматолошки во Скопје. Е сега, под линковите се напишани документи што треба да се достават на денот на уписи, а тоа е четврток (10.09), и петок (11.09). Каде можам да ги подигнам пријавен лист за запишан семестар, индекс, студентска легитимација, и некаков образец В0И 20. Дали на факултет дирекно при физичкото присуство ќе можам да ги подигнам, или ќе треба истиот ден да се земат од скриптарница на факултет каде и се купува универзитетска пријава за запишување со такса 50 ден?