Леле неможам веќе. Што ако не ме примат. Имав 100 поени. Ама читав на форумов со врски со такви работи влегувале во државна квота. Би ми било криво со 100 поени да сум во приватна или да не ме примаат. А јас немам врски и немам намера да се навикнувам со врски да си ги извршувам работите... И одсекогаш сум била против тоа, но неможам ништо да сменам...
Ништо тогаш, чекајте најкасно до 19 часот па спамајте со мејлови ако нема друго чаре. Јас кога се запушував пред 2 години разултатите ги добивме од сабајлето.
Една улава со училишна матура ја примиле во приватна квота... @Kimberly11 има право, не му ја мисли толку.
Јави се во студентската служба на конкретниот факултет и прашај ги. Така ти е најсигурно. Би требало да може и со испринтана потврда од е-плаќање, сепак и тоа е доказ, ама ништо не се знае на факултетиве...
Јас на електронската пријава ставив психологија, а доколку неме примат таму имаше ушеден избор и избрав специјална едукација и рехабилитација, и на вториов ме примиле, а баш сакав на психологија, и сега помош? Ке има други уписи или некоја молба нешто штоможам да направам за на психологија?
Не можеш да смениш ништо. Не си имала доволен број на поени за психологија и затоа те рангирале на специјална едукација и рехабилитација. Да не си ставела втор избор директно ќе си била нерангирана. И да се пријавиш повторно на вториот упис ќе можеш да избираш од програмите на кои има слободни места. Психологија е секако пополнета во првиот така да нема да ти смени ништо.
На физичко образование, спорт и здравје пополнето е ? Значи можам да се пријавам на втор упис доколку има, на друг факултет иако сум примена на спедијална едукација и рехабилитација? Нема дами направат проблем?
Нема да ти прават проблем. Нема да отидеш на 10 и 11 септември за поднесување на документите и во вториот уписен рок ќе аплицираш одново.