За каква пп50 станува збор? Различна ли е со таа 50 денари што плаќавме при уписите? Инаку за онлајн плаќање може, јас ги имав платено така тие 300+50ден. за упис и не ми кажаа ништо, се беше во ред со пријавата
Ии кај нас мислам пишуваше тие ќе кажеле датум за уписи. А гледам само листата е... Нема ни документи ни датум...
Пиши емаил или побарај. Треба да ве кажат точно што треба да донесете таму. Овие доле се за сите исти ----------------- документите за пријавување + При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: 1.индекс, студентска легитимација и пријавни листови 2.три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3) 3.потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот - носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41. Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар. Со почит
Да за тие знам, но гледав на другиве факултети има цела листа на документи. Плус ние немаме ни датум.
Минатата година, во академската 2019/2020 година, ЗСМ (Здружение на студенти по медицина) на нивната официјална страна имале ставено урнеци по кои треба да се пополнуваат уплатниците, пријавните листови и индексот. Истите важат само за студиските програми на Медицински факултет, но можеби би можеле и на другите да ви помогнат при пополнување на обрасците. https://drive.google.com/drive/fold...hEX-vMXk2C4_F1nzR_QL3TSP98IzMFF3BUS-GFrz20EaM
Здраво тие што се ослободени од плаќање прв семестар ќе пишува нешто за нкв или како и дали воопшто има такво нешто