Ако сакаш да полагаш француски екстерно наместо англиски- може, ама ако сакаш да полагаш англиски екстерно и плус француски интерно- не може. Тоа не важи, не само за оваа комбинација на јазици, туку воопшто не можеш да полагаш два странски јазика без разлика што едниот е екстерно другиот интерно. Да, голем апсурд е, ама што има логично во нашево образование?
Македонски, англиски, историја и социологија за гимназија се полн погодок комбинација за на правен иако има и други предмети нормално кои можеш да си ги земеш За економски има доста избор истотака: географија, филозофија, социологија, историја, информатика, математика, англиски...
Јас сум средно медицина, матурантка годинава, но сакам да одам на Филозофски или Драмски. Што бараат на едниот, а што на другиот за матура конкретно, бидејќи ств незнам што да одберам?
Па така се збореше по сите телевизии, изјави министерот за образование, ама не е уште сигурно дали за оваа година или за другата. ЈАс така разбрав
Јас разбрав за тоа дека од в година ќе било воведено, ради пофер оценување . Ако беше од годинава требаше да ни кажат одма на почеток и да не спремаат со прашања(дека едните се полагаат во декември) нема шанси пред месец да соопштат, освен ако не сакаат да има пак штрјакови како тогаш. За еден месец два предмети не може да се спремат . Мислам, ама не сум сигурна дека во Февруари ќе се бира(т.е нема да се бира туку ќе ни се падне некој од овие) помеѓу 3 предмети или македонски, или англиски или филозофија за тестирање(демек нешто како проверка за оценувањето на професорите) ние ќе правиме тестови и преку нив да ја оценат работата на професориве дали оценките ни биле праведно(заслужено) пишувани, за ова знам, а за тоа на вести последно ја разбрав за в година, значи за тие што се сега трета година.
Тоа ќе биде од наредната учебна година, значи генерацијата после нас ќе почне со тој систем бар така е планирано, како што ние освен што ќе полагаме државна матура, ќе бидеме и матуранти тестирани на екстерни тестови. Што е многу, многу е ама ај... претеризам.
Не не дечки кај нас веќе кажаа дека ќе полагаме 4 предмети во декември, а знаеме и кои. Значи ќе се оценуваат професорите кои предаваат само во 4та година а ако нема такви тогаш некои стручни предмети. Само не знам оценките за кога ќе бидат, еднаш велат ќе бидат за полугодие, после за во свидетелство (што воошто не е логично во свидетелство да имаш оценка за пола материјал) и врска немам што ќе биде. Глупости.
За на драмски бараат многу голем талент овде во Македонија и големи врски исто така,мој совет:подобро оди на Филозофски
Јас сум во средно економско училиште и сакам да одам на екомски факултет. Ме интересира кои предмети би можело или треба да ги избера да полагам. Освен македонски и англиски јазик кои уште предмети ке треба да изберам? Какви се тестови на матура, што се бара на тестови итн. Однапред благодарам за било какви информации.
^Не, нема врска. Ти можеш да одиш на медицина, а да полагаш проектна македонски јазик Исто се вреднува, бодовната скала е иста за сите предмети, а при уписот на факултет добиваш исто поени во согласност со бодовите, пр. 5ка е 11-12 бода на проектот, а 4 ти носи при уписот на факултет
Па треби да одбериш некој од стручните предмети што си ги учела пр.економија,бизнис,деловно работење.Но треба најмалку две години да си го учела тој предмет.А за прашањата не знам зошто и јас ке полагам оваа година матура Ако ти треба уште некоја информација слободно прашајме.
Пред матурата обично ставаат на огласна табла кој предмети се бараат за одреден факултет. Барем така е случајот во мојата гимназија. Е сега, ни бараат да знаат што тема ќе браниме. Сакам да одам на електронски бизнис, па ќе правам тема бизнис, затоа што неможам да полагам, го слушам само една година. А интерни сум во план историја и социологија. А екстерни англиски и македонски. Друго не знам што би полагала..
Преинтересантно ќе биде, дури и неиздржливо да се гледа Што им треба оваа глупост не знам, од 3ка ќе паднат на среден успех 2ка. Сите знаат дека образовниот систем ни е тапа голема, ако не и провалија, али изгледа им треба и потврда за тоа на властиве
Јас студирам за графички дизајн во битола во техничкиот факултет а ако си за пари давање уште подобар смер има во охрид на европски за графички дизајн....инаку има широка потреба од графички дизајнери многу се запишуваат на факулететие за тој смер но многу се ретки оние што го завршиле(кажувам за овој што учам јас) бидеќи е многу тешко,ако не знаеш основни работи за некој програми на пр.фото шоп,илустартор.ин дизајн,солид,ништо не правиш
Оваа година ќе биде многу поригорозно, барем кај мене во гимназијата. Лани се претера во препишување Па сега за годинава ќе видиме како ќе биде. Важно јас пријавив матура, избрав екстерни, интерни, тема. Па сега ќе видиме што ќе биде во Јуни