Мислам дека не треба да ја лепите, бидејќи удираат печат на сликата, откако ќе го удрат печатот треба да се залепи. Мислам дека не треба да им ја давате нив, од после треба да си ја залепите.
Планирам документите на 11 да ги доставам т.е вториот ден. Во некој од документите имам пишано датум 10, ако ги доставам на 11 ќе ми праат ли некој проблем?
Нема да е проблем, само провери на неколку факултети забележав дека имаат распоред кој кога да ги носи.
Дали знае некој кои документи се потребни за упис на земјоделски факултет, бидејќи уште немаат објавено список на документи кои треба да се достави на 10 и 11?
А случајно да не имате листа од потребни документи за на ПМФ, бидејќи и требаат на другарка а и нема стигнато никаков емаил до сега.
Нема врска, воопшто никој не ја ни гледа сликата. Имаш овде од десна страна: http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/upisi-i-ciklus/
Јас мислев во однос на уплатниците бидејќи ги нема дали треба да се носат платени на денот на запишување или пак потоа ќе пратат уплатници за плаќање откако ќе се запишеме.
Дали на другите факултети веќе има објавено кои се потребните документи за запишување? На ПМФ се уште нема а јас се залитав да уплаќам квота без дадена сметка Последни во се сме си хаха