Уффф статива, по се изгледа ние 2011/2012 го фаќаме последниот воз, исто беше и за екстерните тестови Инаку јас македонски, англиски, социологија и филозофија. Проектна по Бизнис и претприемништво при крај сум со правењето уште заклучок ми фали, многу е јака само ќе треба добро да ја совладам и текстот и табелите и питите. Кога ќе ја завршам проектната, ќе почнам со разлистување на прирачникот по македонски јазик. Е сега, ме интересира од оние што полагаа лани колку прашања вкупно имаше, и отприлика колку беа од делот за литература, односно за делата? Исто и за англиски кој знае нека пише колку прашања, од кој тип итн.
^Ги има тестовите и од лани и од сите претходни години тука http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... dtQQpiV3o=
А знам дека ги има, добро ме потсети сега ги отварам да ги разгледувам...сепак добро би ни дошле и понародски одговори особено македонски
Дузи сејвс д деј.... Не се плашете момиња, само ќе си седнете ќе си учите и нема како мене лани да се притресувате и во несвест да паѓате по темиве. Што ве интересира прашајте, ќе помагаме. п.с. Литлдевил од Кичаа беше ти, така?? Интересно било лани кај вас, многу интересно.
Мислам дека притресување за настанов наречен матура ми е неизбежна психичка ситуација. И мислам дека започнува...
Од искуство ви кажувам дека немате потреба од потресување и бубање уште од сега, бесмислено е. Ќе си седнете во мај, ќе го прочитате прирачникот по македонски јазик еднаш до два пати, ќе решите по некој примерен тест и готови сте. Истата постапка и по другите предмети (освен математика). Англиски доколку сте имале 5ка нема што да читате, боза беше матурата. Читање текст, оговарање прашања од истиот, дополнување и есеј. Проектната задача ви ја оценуваат ваши професори и доволно е да го знаете тоа што сте го напишале во неа и да направите просечна презентација. Не кинете нерви уште од сега, ќе ви требаат за на факултет
[/quote] Не сум од лани ама ќе ти одговорам ако смеам И јас истите ги земав и супер си поминав Англиски мене ми беше прелесно. Имаше само 2 прашања што беа така трики, ама 2 од незнам колку, многу беа Сигурно 30 тина имаше, а мислам пишува на страната на министрество на образование се е објаснето што е право Македонски, барем пред 3 години имаше многу малку граматика, јас специјално спремав граматика, бидејќи сите книги ги имав прочитано, и граматика имаше најмалку, дали 5-6 прашања се на се. Најзафркнат е есејот, се занесуваат многу, мислат дека ние треба да сме Венко Андоновски, и бараат премногу. Мислам дека тука се најстроги. За овие интерниве, зависи какви ти се професорите и дали ќе ви дада прашања, 150-200 и од тие да ви се паднат 50 А за проектната немој ама ич да се замараш, паѓав у несвест за што за 5 минути ме исчистија, т.е сите така поминавме и така поминуваат. Нема потреба за трескање од земја, ВЕРУВАЈ Со среќа
Македонски кај и да е ќе почнам да си го читам прирачникот малку по малку, англиски освен за есејот друго не мислам посебно да спремам не се учи јазик така пред матура, солидно го знам и затоа на есеите ќе обрнам вниманиеи на уште нешто ќе видам. А интерно социологија нема да ги даде прашањата, а филозофија ќе даде повеќе од кои ќе се паднат 60.
Мене најмногу за екстерните ми е страв. Македонски колку имам испуштено.. мислам се имам испуштено . Треба од нула се‘ да се учи. Англиски помалку ми е страв ама сепак присутен е. Овие интерниве се боза. Филозофија едно книгиче си е, интересен предмет континуирано си го учам, само ќе треба да повторам. Информатика е смешка и тоа .
Ќе ви речам на сите БЕЗ ПАНИКА! ама за се, нема што неможе да се научи. А барајте прашања за интерните, глупости како не ви даваат прашања, во Корчагин пред 3 години ни даваа, не гледам причина зашто да не се дадат. Не за друго добри се да имаш правец што да учиш а што не, не е малку Социогија се учеше 2 години. Баш социолгија кај нас беа најзафркнати, а философија беше многу полесно!
^Го разгледував тестот македонски од лани и очекував да е којзнае колку тежок, а всушност воопшто не е тежок во глобала.
^Гледаш нема потреба за паника Уживајте уште додека можете, после ве чекаат многу повеќе нервози, грижи и непроспиени ноќи за учење... А ако треба помош, тука сме да помогнеме
И мене полека почна да ме фаќа паника Најмногу за македонски ми е. Денес планирав да почнам да читам од прирачникот, ама никако да се кандисам. Ај од утре
Да ќе прават, мислам не проблеми туку пред тебе ќе влезат тие со соодветни предмети, па потоа ти или во втор уписен рок така иам слушнато, во секој случај мора да се имаат соодветни предмети, а некои факултети оставаат и на избор на ученикот само под услов пр. ако си одбрал јазик екстерно, не смееш интерно и така. Зависи од факултетот, тоа е.
Јас почнав да читам, се надевам нема да е многу тежок зошто морам внимание да посветам и на стручниот предмет што ќе го полагам и на проектната задача
Јас се наканувам да почнам македонски да учам деновиве. Tреба само да го повторам материјалот, немам испуштено скоро ништо оти и на натпревари одев па нема да ми претставува проблем. Мене ме фаќа страв од историја, го одбрав како предмет за полагање ама ни учебници немам , незнам дали треба по стара или нова програма ама ќе се снајдам има време. Само се надевам дека ќе ни даде одредени прашања бидејќи е многу за учење 2 учебници само по 1 предмет. Битното е да се учи без паника , ако имате време за зимскиов распуст да ја направите проектната ќе ви биде многу полесно оти ќе ви се тргни од главата - еден товар помалку. А верувајте дека бара многу труд, осмислување на речениците, понатаму , се бараат правила на пишување (растојание меѓу редовите, фонд на пишување, одреден број на страни).
Кога полагав пред неколку години не беше многу комплицирано.Потешко поминавме на интерните предмети затоа што некои професори се зајдоа со тежината на прашањата,особено хемија не умре.Изборен од екстерните ми беше англиски...многу лесно поминав а мислев дека ќе биде којзнае колку тешко. Македонски извадив 4,а англиски 5-ка А повеќе знам македонски јазик кога станува збор за вокабулар,покомплицирани времиња и сл...значи по тежина воопшто не се исти. Како и да е без плашење,мора да се помине.Сконцентрирајте се убаво на прашањата и не брзајте во паника, има доволно време да се реши тестот