Колоквиум ти е на пола матријал, испит ти е на цел. На ПМФ нема колоквиумска недела, може од средина на ноември до крај на декември ти да имаш секоја недела по 1 или 2 колоквиума, без престан!
Пример ќе ти дадам со мој предмет, за да ти е полесно да разбереш. Кај нас, анатомија 1 на пример, е поделена на 3 дела, и тие 3 дела ги полагаме на колоквиуми, односно колоквиум за рака, колоквиум за нога, и колоквиум за глава. И тие си се сите посебни, независни еден од друг, едниот го полагавме октомври, другиот ноември, третиот декември. Е испитот, ми опфаќаше материјал од сите колоквиуми (освен глава, на него се задржуваме во анатомија 3). Фактички, колоквиумите ти се делови од материјалот, од кои може да се состои и целосно испитот, или пак половина материјал може да е на колоквиуми, половина на испит. Кај нас, притоа, ако не ги положиш колоквиумите, немаш право на пристап на испит, но мислам дека не е така на сите факултети. Колоквиуми ќе си имате уште есенва. Колку што знам од другарка, на ПМФ нема колоквиумски недели, како што напиша членката пред мене. Испитите се на зима, во јануарската испитна сесија.
Да ти се надоврзам, да има испити што се поделени на 3 дела, некој се на 2, имаме и практичен и теоретски дел и тоа се зависи од предметот и професорот. Кај нас можат и колоквиуми да се полагаат во сесија, на пример си положил прв колоквиум, ама не си положил втор, па професорот може да ти даде во сесија да го полагаш.
@Apocalypse @Kimberly11 Колоквиум е како тест на пола материјал, а испит е одговарање на цел материјал. Е сега, не знам како е на УКИМ. Обично има и практичен испит што е некогаш многу важен при фаќање услов за положување.
Ова зависи од факултет до факултет и од професорите исто така. Колоквиумска недела за зимски семестар најчесто е во ноември и крај на декември. Се полагаат колоквиуми т.е. пола материјал на два пати најчесто. ПМФ полагаат и три колоквиуми, односно материјалот е поделен на 3 пати. За испити има две декади во сесија, односно бираш меѓу два термина кога ќе го полагаш испитот, дали во прва или втора декада. На некои факултети има и казнена сесија, покрај стандардните 3 сесии во јануари, јуни и август-септември. Доколку не го положиш првиот колоквиум или вториот одиш директно на испит. Некои професори дозволуваат да полагаш за време на сесија/кога се полагаат испити да полагаш колоквиум ако не си го положил, но ретко се случува. Сите овие работи ќе ви бидат објаснети на почетокот, ќе добиете и прирачник, таму исто ќе биде објаснето.
Нема да ти рецитирам колку тежок е и колку имаш за учење, јасно и кратко ќе ти кажам дека е доста тежок и зависи од тебе како ќе го разбереш матријалот, а не колку страни се скриптите.
Можеби глупаво прашање, но дали учењето е строго од скрипти или се учи и од книги пример стручна литература од тој предмет (дали тоа зависи од предметот, бидејќи кога читам од форумите само налетувам учење од скрипти и нивно печатење)...мислам дека зависи од професор, но сепак да прашам...
И тоа зависи , секој факс различно дел од книги дел од скрипти. Ма да кај нас е 70% од скрипти 30% од книги , не секој има по 2000 ден 1 книга да купува. Зависи каде и кој факултет , можеби на приватните учат само од книги кој би знаел.
Здраво дечки, имам едно прашање до вас во врска со iknow..има ли можност уште да не се средени податоците бидејќи кај документи црвено ми дава и кај други гледам дека е така
Има некој што е запишан на Педагошки-Скопје насока предучилишно? Ако сака да ми пише порака во врска со предметите
Дали сега треба да се запиши семестар-предмети на Iknow или можи и после 1ви октомври? Некој на ПМФ шо студира нека ми пиши да го прашам во врска со изборните предмети.