положив со 5-ка англиски, а 4-ка македонски. Искрено сум запрепастена од резултатите по македонски.... Не ми е јасно како може со 93 перцентили да имам 4-ка, изгледа критериумот е многу висок. Сите се подобри на англиски , отколку на македонски, и после чудо било!
Да и кај нас македонски има само две 5,од која едната е моја со 98,29 перцентили Англиски имам 4 со 84,84 не сум баш задоволна ама си се тешам со македонски
Многу сум задоволна со резултатите од матурата, македонски со 4 положив и англиски со 4 и со висок перцентилен ранк, така да задоволна сум и се надевам на државна квота, само прво да одлучам што факултет
Хипица,а како гледаш тоа процентите? Тоа е исто како поените ли? Јас имам две тројки! Значи,стварно не очекував англиски можеби,но македноски се надевав на 4... До сега имам 82 поени,без да ги пресметувам екстерните... Ај ако знаете кажате ми
Македонски 4, Математика 2 Тоа ти е... Ги очекував баш тие оценки, барем не се разочарав. Инаку во нашето училиште само три петки по македонски јазик, математика ниту една.
Јас математика и македонски имам 4ка, а колку што знам кај мене во школо имало само четири петки по македонски. Инаку mysterious не знам како може да имаш 82 без, бидејќи без екстерните можеш максимум 80 бода да имаш. Ако ти се сите 5ки во сведителство имаш 60 бода, 4 бода ако имаш 5ка на матурската проектна задача, а интерните максимум даваат по 8бода т.е. 2*8=16 бода, така да 80, а екстерните се по 10максимум (ако имаш 5ка).
мене не ми ејасно дали се гледа тој перценатлниот ранг или на друг начин ги гледаат бодовите по факултетите ?!
No problem mysterious , инаку еве што пишува во конкурсот точно за пресметување на бодовите: Основeн критериум за селекција на кандидатите за запишување на прв циклус студии е успехот постигнат во средното образование. Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. а) На студиските програми каде селекцијата се врши само според успехот од средното образование, кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа: општиот успех по сите предмети учествува со 60%, а успехот постигнат на државната матура учествува со 40%. а.1 На студиските програми на кои селекцијата ќе се врши само според успехот од средното образование, бодирањето се врши на следниов начин: се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени. а.2 Бодирањето на успехот постигнат на државната матура се врши на следниов начин: Оценките од екстерните предмети се множат со коефициент 2. Вака добиениот производ се корегира со перцентилниот ранг на кандидатот за секој предмет поединнечно. По оваа основа можат да се добијат најмногу 20 поени за двата екстерни предмети. Оценките од секој од интерните предмети кои се полагаат на државната матура се множат со коефициент 1,6. Вака добиените производи се собираат. По оваа основа можат да се добијат најмногу 16 поени. Оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени. Вкупниот успех од државната матура може да донесе најмногу 40 поени. За кандидатите кои средното образование го завршиле во претходните учебни години (пред учебната 2007/08 година ) и не полагале државна матура, освен пресметувањето на бодовите од точка 5.а.1, се пресметуваат и најмногу 40 поени од предметите кои се значајни за студиската програма, и тоа: збирот од оценките од секој од двата предмета значајни за студиската програма (Прилог 2) се дели со бројот на оценките (независно во колку години предметот се слушал во средното образование) и вака добиениот среден успех, за секој предмет одделно, се множи со 4. По оваа основа може да се добијат најмногу 20 поени за еден предмет, односно вкупно 40 поени за двата предмета.
се гледа и перцепиелниот ранг... Вака се пресметува за екстерните... (оценката * 2) * (перцепиелниот ранг / 100) и за секој од двата екстерни поединечно вака и собираш...
Јас две 4ки имам и сум страшно незадоволна... А да не знае некој од колку перцепиелен ранг почнува 5ка македонски и англиски?
Немој да мешате перцентилен ранг со бодови. Перцентилниот ранг покажува на кое место си ти од сите студенти што полагале матура и нема врска со бодовите. Пример, да немало ниедна 5 по македноски во државата, ученикот што би ја имал најдобрата 4 ќе има перцентилен ранг 100. Затоа и секоја година е различно. Полани бидејки имаше многу петки македонски имаше ученици со 94 перцентилен ранг, оваа година бидејки има малку петки сите се движат од 100 до 98. Се надевам објаснив добро.
нема врска дека се движат од 98 до 100... се движат околу 89... барем сите што ги иам прашано толку се, 89 кома нешто
За англиски може, бидејќи има повеќе 5. Јас знам девојче македонски со 5 а перцентилниот ранг и е 97.