Аха, да. Многу тешко е да склопиш еден проект, ох ти паметен академски граѓанину... Тие изговори на другарчињата кажи им ги, кај нив ќе поминат. Не знам само што е со прашањава и изјавите на форумов, јер тие не се многу паметни. Ниту снаодливи.
Не знаев во која тема да го ставам мислењето, бидејќи таа од земјоделски факултет не е активна. Дали може некој да ми каже процесна техника на што да се фокусирам при учењето и какви колоквиуми отприлика дава?
Разбирам и тест и испит и се тоа, стварно не оди некад.. Ама да не си у состојба една проектна да направиш? Да ископираш од интернет 10 страни текст, 2-3 слики и да направиш естетски убаво да изгледа? За 30 минути се прави. Незнам што не ја пушти сестрата да полага на нејзино место.
Така е!!! Утре на сред операција ќе можеш слободно да му речеш на пациентот „Чекај море ти да отворам анатомијата да видам кај сум и кој орган го барам“ и земаш тука си листаш, си листаш и си наоѓаш што ти треба. Операција успешна, пациент мртов. Ама од искуство се учи. Овој шо си умрел, сеа тоа е. Ти битно си се снашол.
Идните доктори би требало да покажуваат интерес кој својата професија, а не да учат со сила како повеќето. Така да според тоа не би требало да им биде проблем да научат анатомија или нешто слично. Сите училишта сите институси и факултети имаат предмети кои не би требало да се учат. Еве на пример јас студирам софтвер и хардвер а прв семестар имав историја, втор семестар филозофија. Зошто да учам тоа кога се запишав за да се усовршувам во ИТ сектор? Зошто да не препишувам на тие испити кои ми се непотребни во животот? Буквално непотребни. Зошто еве на пример ти како доктор, терапевт или фармацевт или незнам што, зошто да не препишуваш математика? Доколку ти лично сметаш дека ќе ти треба тогаш учи, но во пракса не е потребно.
А од каде знаеш ти за кој предмет бара помош? Од каде знаеш дека не станува збор за предмет кој е од есенцијално значење? Девојкава е само прва година. Сега ѝ се првите колоквиуми. Кога стигна да полага нешто толку небитно? Очигледно ја немаш читано. Ова е генерацијата која не сакаше ни матура да полага, бидејќи ги испуштиле последните два месеци. А годините претходно кога требале да учат да ги прашаш кај биле, пак ќе ти најдат некој десети изговор. Така што продолжи ти да помагаш на сите кои не знаат да преземат одговорност и товар како возрасни индивидуи, а се нарекуваат себеси академски граѓани (утре магистри и доктори кои ќе се едуцираат од интернет, затоа што книга е непознат поим).
Штом побара помош веројатно се работи за таков предмет. Сум поминувал и поминувам низ исто. Не верувам дека има луѓе кои би се учеле на професија која воопшто не ги влече... Матурата не е мерило за знаење, ниту екстерното тестирање. Не треба да има такви нешта а и средното образование воопшто не треба да биде задолжително, бидејќи на крај и оној кој учел и оној кој со цигарче и кафе ги помина 4 години средно појавувајќисе само на класен час добиваат иста диплома. Нели не е фер? И книгата не под дифолт значи нешто правилно. Еве на пример онаа историја која сме ја учеле ние денес се смета за неточна и погрешна. Нашите деца ќе го учат спротивното. Дека сме бугари, дека нашиот јазик е бугарски дијалект и така натаму. Интернетот не е зло доколку се користи како што треба. И не е погрешно да се едуцираш од интернет. 6 програмски јазика имам научено од интернет, не од книга. И баш ме интересира дали она што го учевте на памет во средно и на факултет го помните уште бидејќи по дискусијава излегува дека така е правилно и така треба. Знаење стекнато под притисок или без желба тоа да се научи не е трајно. Трае само додека не ви заврши испит. Така да и пишав и и помогнав од причина што знам дека учат непотребни предмети а и онлајн наставата знам како катастрофално изгледа, така да не направив ништо лошо.
Се согласувам дека се учат непотребни работи, и тоа многу, ама кажете дали е во ред, студент на општа медицина, да не знае што е овулација, да си препише и да си положи? Не зборувам хипотетички, навистина се случи ова, на ланските полагања.
Толкава завист, од причина што за вас немало олеснителна околност.... Дали ќе ве направи да се чувствувате подобро со оштетувањето на друга генерација? Кога ја имаме таа можност зашто да не си олесниме. Секој гледа на полесен начин да помине. А вие што поминувате на потежок, е ваш избор. А и да не беше онлајн полагањето пак ќе си поминуваа дечки со врски секако. Не ви ја разбирам таа фрустрација и огорченост за време на ваква ситуација во која е неизвесно нашето здравје. Секојдневно сме под стрес, затворени, немаме многу контакти, депресивни, што и те како влијае врз нашата концентрација и мотивација за учење, поготово после 10 месеци одмор. Сигурна сум дека нема да се вработиш(или си вработена) со 100% знаење, човек учи низ цел живот.
Ме изнасмеа со болдираниов текст. Сакаш да кажеш дека кафичите, парковите, плажите ги полнеа постарите, додека вие максимално се изолиравте од целиот свет? На оваа карта можевте да играте априлот и мајот, сега треба некое подобро оправдување да најдете. Или пак, бидете реални, признајте дека оваа ситуација ви одговара и дека не ви се учи. Што се однесува до тоа која генерација е оштетена ќе покаже иднината. Ќе отидеш на доктор и тој ќе ти рече ова не го учев на факс, но има време, ќе го научам додека работам и поставувам рандом дијагнози До каде со овие размислувања?
Фактот што сум минала потешко не ме прави завиДна, а уште помалку љубоморна на „снаоѓачи“. Сум ги поминала и надраснала тие работи уште одамна, а сега сум во свет во кој сум свесна колку за моите одговорности и обврски, толку и за моите права како возрасна индивидуа. Имам право да барам писмени генерации во државата во која живеам (засега) за утре да не се најдам во ситуација во која поради некој што го мрзело да ја научи професијата која ја избрал самиот, да добијам погрешна пресметка за данок, да изгубам спор бидејќи некој не знае законска регултива, да ми се сруши тераса од стан затоа што некој не знаел да направи соодветни пресметки, да ми се даде погрешен лек затоа што некој не знае Ф од фармација, да ми се погреши дијагноза која ќе ми закоплицира здравствена состојба затоа што некој мисли дека еден симптом може да укажува само на проблем со еден орган. А и вие треба да си ги знаете веќе своите права. Тие права се: одлучување дали ќе продолжиш со незадолжително академско образование, плаќање на партиципација за барање на предвидените предавања, вежби, консултации и комуникација со професорскиот кадар/асистенти, учење и подготвување за колоквиуми и испити, појавување или отсуство од истите, учество на семинари/размени на студенти/конкурси, избор на ментор за подготовка на завршна теза од студиите. Дел од тие права НЕ Е полагање со препишување, па да сте изненадени што некој тука осудува. Сум студирала и добро знам дека истите тие кои препишуваа, кога ќе ги фатеа (по некои предмети) и автоматски паѓаа, после професорката беше вештерка затоа што нели „Знаеш кој/а сум јас?! Втора шанса треба да ми се даде веднаш!!!“. А приказните дека сте депресивни, затворени, под стрес ќе ѝ ги кажеш на мама дома. Затоа што не сте ни први, ни единствени кои се под овој стрес, а треба да продолжат со животот. Ако ви е страв, не запишувајте факултети и не зафаќајте места непотребно. Седете дома и думајте што да ставите на стори следно.
Благодарам полагам, учев но премногу ми е страв. Ме фаќа паника и од страв ништо нема да направам.. Не се осудувам да препишам па ако паднам паднам .
Нема од што да ти е страв Си учела, си пробала. На секого може да му се случи и 99% да е спремен, па резултатот да не испадне како што сме очекувале. Ако паднеш, имаш уште минимум три шанси да го полагаш истиот предмет. Сконцентрирај се на другите, колку да си бидеш слободна понатака, иако има и луѓе што сите предмети директно ги полагаат на испит и пак успеваат .
Ејј не викај така. Не е срамно да се падне верувај, нека биде каков сака предметот. Плус сега не мисли на такви лоши сценарија, па прво полагај, ако паднеш ќе мислиш понатака на тоа.
Не знам од кого треба да се срамиш? Од професорот, колегите? Гледај си за тебе и терај со темпо кое тебе ти одговара, секако тоа не значи да го влечкаш предметот со години, туку полагај си кога ќе се чувстуваш спремна понатака за истиот, дали зимава, дали у последен рок во септември, твое си е. Ич не обрнувај внимание на тоа што мислат другите, ништо нема да постигнеш со тоа само на себе ќе си правиш нервози. Јас минатиот семестар ништо не положив на колоквиум и плус имав презапишан предмет и ми се крстеа како ли ќе средам, па еве само еден предмет ми остана и ќе го полагам за неполн месец. Така да, глава горе, учи си, и за ништо да не ти биде срам.