@darlingdragon Да и знам дека сме ист факс. Претпоставувам кој е предметот, пошто не се баш лесни. Само еден е така полесен. И немај гајле. Мене првиот ми беше една од хемиите па некако се извлечив. Со среќа!
Дека се учат многу работи што не ни се потребни, се учат. Дека на интернет има многу информации кои ги нема во книгата, има. Ама тоа не е оправдување за да се препишува. Сепак, вие си знаете. Сигурно нема да ја прекинете оваа навика затоа што така напишав јас или кој било член на форумот. Јас не препишувам. Прво, затоа што јас сметам дека не е во ред. Второ, не знам да препишувам. Едноставно не ме бидува. Да бидам искрена, повеќе време би изгубила спремајќи ливчиња, белешки за препишување отколку да седнам да научам, но вие си знаете. Затоа одам на втората варијанта, да седнам и да научам. @darlingdragon јас прво ќе ти посакам среќа на колоквиумот, не знам кога полагаш. Никогаш немој да одиш на испит или колоквиум со помислата „Ќе паднам“. Нема за што и од кого да ти е срам ако паднеш на колоквиум, па колку сака нека е лесен предметот. Некогаш може и да ти се блокира мозокот, секому се случува тоа. Твое е да си учиш, а кога ќе полагаш, концентрирај се само на колоквиумот и на ништо друго. Сфаќам дека си испаничена, полагав и јас, јануарска и мене ме чека. А доколку паднеш или не си задоволна од оценката, одиш на испит.
Зависи кој факс си, но обично ги кажуваат и од колоквиуми. Да кажеме предметот има два колоквиума и ти откако ќе ги положиш ти се вади средна оценка, рачунајќи ги и активностите што сте ги правеле. Па на крај ти ја ставаат оценката.
Некни полагав и имав 25% помалку бодови од вкупните, и ме интересира дали може на крај да имам 10ка, секако поени мислам дека ќе има и од присуство и семинарска работа. Вториов колоквиум треба да имам максимум поени или ?
Tи значи си меѓу 7ца и 8ца, гледај на вториот колоквиум да ги имаш максимум поените, за 10ка тешко ама мислам 9ка дека можеш да имаш за крајна оценка.
На кој факултет си и колку е максимум-минимум на колоквиумот, бидејќи 25% на повеќе или помалку поени не е исто.
Ќе ми помогне многу ако некој ми објасни како да се спремам за матура биологија и хемија. Македонски знам има прирачник ама за овие? Сега ги гледав тестовите и не се ни малку лесни. Фала ви
Здраво, сакав да прашам дали прашањата на испит се потешки од прашањата на колоквиум? Мислам дали бараат подетални работи