Кај нас исто нема бирање декада овојпат, преку списоци кај координатори се знае кој кога полага, на медицински ова. Ама па и скоро се ни е само по еден рок, нема потреба ни од тоа. Кај вас 2 рокови ли имате за полагање на предмет?
За матурантите што планираат да се запишат оваа година на медицински факултет еве одприлика колку се планира да се примат студенти (не е официјално) Ќе има и нов смер за дипломирана акушерка / акушер
Уште кога почнавме ние пред 2г деканката рече дека сакале 200 студенти да студираат само општа, вака со 300 било премногу. Значи си успеаа у намерите и им дозволиле да намалат квота. Јака конкуренција ќе биде годинава.
Здраво! Јас сум нова членка и би сакала да ви поставам прашање на оние кои сте полагале веќе матура барем во скоро време 2019,2018,2017,2016... како е попаметно да учам, дали да повторам се од прирачникот или да учам според наведените точки од јазик и наведените дела во испитната програма? Исто така премногу ми е страв за англиски и македонски јазик, за англиски посебно бидејќи тешко ми оди пишувањето на есеј. Како да се спремам за јазиците, како што доаѓаат датумите се поблиску и поблиску понапнато се чувствувам...
Прво почни од делата и се она што е наведено дека треба за матурскиот испит, исто на страната за матура има и тестови од сите години, би ти рекла да ги разгледаш и решиш. Принципот на прашања е таков и отприлика тоа ти е најбитното. Прирачникот исто можеш да го земеш, од помош е, но внимавај бидејќи имаше грешки во решенијата тогаш, не знам сега дали го поправиле. Јас 2019 полагав. За англиски при пишувањето на есејот има наведено на што треба да внимаваш и да опфатиш. Мене лично тоа ми беше најлесниот дел. Нема многу како да се спремаш, освен од тестовите на страната и да повториш некои граматички правила. Најтежок дел од матурскиот испит по англиски ми беа текстовите пример да ги наредиш по ред параграфите, да поврзеш наслов со параграф и слично. Некако текстовите ми беа комплицирани, ама во глобала не е страшно. Не се плаши и не се напнувај, ќе стигнеш се и секако ако си учела со ред нема потреба од грижи.
Дали ако немам положено еден предмет во зимскиов семестар отпаѓам во приватна квота во летниот семестар?
Не, доколку не го положиш после септемвриска сесија, тогаш го презапишуваш по втор пат. Ако го презапишеш по трети пат е тогаш паѓаш.
Dali mora nekoj predmet od prva ako nekes da go polagas moras pak da go zapisuvas vo vtora? ne mi e tolku biten predmetot i sakam za ponatamu da go ostavam
Можеш да пробаш во јунската и септемвриската да го положиш, ако не презапиши го, но ќе плаќаш 2500. Ако ти е изборен тогаш, кога ќе го презапишеш можеш да го смениш.
Мислам дека важи општо за факултетите дека останатите предмети се презапишуваат. Останати предмети од зимски семестар се запишуваат во нареден зимски, останати од летен во нареден летен. При презапишување се презапишуваат задолжителните, па изборните и на крај избираш што ќе запишеш од нови предмети од тој тековен семестар (и таму мислам дека има предност прво задолжителни, па изборни, во зависност уште колку кредити ти се останати и дали има дополнителни услови)). Ако презапишеш предмет по трет пат паѓаш во кофинсирање, приватна квота.
Некој да сподели искуство со онлајн полагање.. Пред малце не известија дека ќе полагаме онлајн, втор испит мие, првиот беше физички, ме фати паника.. Хелп споделете искуство тие што полагавте онлајн претходниот семестар или овај.