Усно со камера. Немам цел за препишување ниту барам начин, ме интересира како се одвива атмосферата во текот на полагањето.
Најчесто ако знаеш криват дека читаш од страна ама гледај да не гледаш воопшто на страна и течно да збориш да не се заддткуваш. Се ќе биде океј не се секирај и не се плаши. Само смирено.
Атмосферата зависи од професорот, некој се построги, а некој не се толку. Обично го кратат времето за полагење, а го зголемуваат бројот на прашања(задачи) за да се осигураат дека нема да имаш време да препишеш нешто, така што гледај да имаш убаво научено за да не се мислиш многу. Друго можеш да имаш проблеми со интернетот, конекцијата, па да не можеш да ги испратиш одговорите навремено. Мене ова ми се има случено али ајде професорот се погоди добар, па ме почека да му ги испратам решенијата. Значи, ништо страшно не е ако си добро спремен и ако не ти зафркава интернетот. Слично е како со физичко, единствено што може да те зезне е конекцијата.
Седи пред огледало и рецитирај, ако знаеш какви прашања поставува тогаш исмисли во стил на професорот како поставува. Напи се бедоксин ќе те олабави, направи чај или супа ќе ти дојде пријатно. Иначе чекаш ред да те прозива или можно е да ве прима по еден или двајца на кал.
Не знам на кој факултет си, ќе ти кажам мое искуство. Јас до сега имав едно усно полагање на камера, супер поминав, слично како да полагав физички. Бидејќи беше хемија, паралелно проф. ни бараше одредени формули, ги пишувавме на лист и и ги покажувавме. Ништо пострашно отколку физички, само што физички има некоја друга атмосфера, што не може да се добие онлајн. Ако е коректен професорот, нема од што да се плашиш. Ако имаш научено, како и да полагаш, ќе положиш.
Имај добро научено, бидејќи е онлајн усно на камера, не даваат премногу време за размислување, споредено со физички, бидејќи се плашат дека читаш или ти кажува некој. Поконкретни прашања поставуваат, со помалку раскажување. Гледај при зборувањето да фрлаш погледи кон камерата и да се познава дека гледаш право, не околу тебе затоа што опоменуваат. Исто така да ти се гледа добро профилот, лице и раменици. Ова се ситници за кои може да те опоменат, свесни се колку е злоупотребено онлајн полагањето, па некако да се посигурни, но не е воопшто страшно.
Има ли некакви информации за тоа како би се одвивала наставата на факултетите во летниот семестар? Пак ли ќе биде претежно онлајн или е поверојатно да биде со физичко присуство?
Дали нешто многу влијае просекот на факултет во понатамошната кариера и вработување? Буквално сум опседната со просекот, премногу се потресувам ако добијам 6 или 7 и мислам дека нема да можам да најдам работа понатаму со слаб просек. Информатички факултет учам и гледам како многумина не се ни замараат, битно им е да е положено, а јас психата си ја напнувам на секоја добиена слаба оценка. Вчера се изнаплакав и изнапотресов пошто добив 8 по предмет по кој што очекував да добијам 10. Дали со право се стресирам, или нема врска, гледаат само диплома да имаш? Иначе не ми е катастрофа просекот, ама сепак не е ни висок..
Важно е да имаш знаење, џабе високи оценки, ако на памет ти е учено или со препишување. Не се замарај за просекот. Гледај на време да си ги положуваш испитите за да не ти се собираат, па тебе ќе ти биде после тешко крајот да го фатиш.
Подобро работи или волонтирај некаде зошто тоа на крај ќе го ставиш на CV, а не просекот. Поготово што си информстички факултет, положувај ги испитите колку толку, ама практикувај го тоа знаење. Зошто на крај кога ќе аплицирате за работа, повеќе ќе те дели од некој со стипендија.
Секако дека најпрво се посветувам на знаењето и праксата, само увртено ми беше дека ако немам некој јак просек ќе ми е тешко да најдам работа и нонстоп сум под нервози за тоа. Фала ви.
Не знам што студираш поточно, ама не мислам дека има просекот толку врска колку знаењето, бар во таа област не. Имам вујко, самоук програмер е, ама е ептен добар, работи во Германија, ако не се лажам и за Гугл нешто беше претставник. Човекот има средно музичко, и економски факултет. Поентата ми е дека ако те бива, нема никој да ти бара просек, човеков не ни има соодветен факултет, а го бараат за работа многу. Ако си добра во струката, нема да имаш проблем со вработување во таа област.
Воопшто не се замарај за просек, знаењето се цени повеќе. Познавам пример којшто ја доби позицијата со помал просек, а тие со висок не ја добија. Самиот не веруваше дека има шанси покрај колеги со таков просек, но ете покажал знаење.
@Maylin За вработување не игра улога. Секако дека е најважно знаењето па и праксата што ќе ги имаш. Просекот игра улога ако имаш намера да продолжиш со научна работа, на пример докторски студии, или ако имаш намера да добиеш стипендија.
@Maylin просекот игра улога са добивање стипендија, а за вработување воопшто не игра улога. Виестина е дека индексот изгледа поубаво со одлични оценки, ама знаењето никој не може да ти го земе. И јас се нервирав кога трудот ми беше награден со помалку отколку што заслужував, но ништо не можев да променам освен да учам повеќе. Не се замарај многу за просекот. Учи си континуирано, а не кампањски. Учи за знаење, а не за оценка. Бонус совет: никогаш немој да препишуваш. Во темата „Препишување“ имам кажано зошто не треба да го правиш тоа. @quattro не се плаши ако полагаш онлајн. Ни кога полагаш писмено, ни кога полагаш усно. Секаде има построги и полабави професори. И јас мислев дека е страшно пред да почнам да полагам онлајн, ама веќе втора сесија полагам вака. Учи си како што си учиш, вежбај си пред огледало. Со среќа на испитот и без страв и трема.
Здраво, знам дека е малку рано ама јас уште од сега се плашам да не ми остане некој предмет за да го полагам во септември . Се плашам тогаш да не даваат потешки испити и да паднам па да треба да го презапишам предметот, дали некој што има полагано во септември може да ми каже како е? (Знам дека на секој факултет е различно, па дури и од самиот професор зависи, но ете во стрес сум за тоа )