Ич не се секирај не е ништо страшно ако ти остане во септември, имаш сесија и бо јуни има многу шанси до презапишување така да не се секирај
Немам полагано услов во Септември, претпоставувам дека е постресно, ама не е невозможно, ехее, скоро сите студенти полагаат, и положуваат во Септември. Ако си имаш научено, и ако си сигурен во своето знаење, нема од што да се плашиш. Мој совет е да се потрудиш да ги чистиш условите по ред, од зимски семестар во Јануари, од летен во Јуни, некој неусловен и да остане за Септември, ич не е страшно. Не викам да не ги учиш воопшто другите, далеку од тоа, ама биди поконцентрирана на условите, помалку стресно ќе ти биде доколку за Септември немаш услов. А не дека и услови не се положуваат, се се положува со труд.
Фала Не ми е услов, изборен предмет ми е, сите велат дека лесен е а мене пак најтежок ми е , се плашам дали ќе го положам сега во јануари.
Лелее, чим е изборен ич не се секирај, кај нас бар по изборните не замараат, верувам дека лесно ќе поминеш.
Испит е испит, ако имаш учено и знаеш положуваш, ниту една сесија не е пречка. Се положува и јануари и јуни и септември. Не е ништо потешко септември, може стресот е поголем, ама тој сами си го правиме.
Хелоуу! Дали некој од вас се спрема да полага хемија (државна матура)? Од каде учите и на кој начин? Ги имам учебниците од средно гимназиско, но се плашам дека не е доволно. На крај планирам и од претходни години прашата да ги решам. Знам дека има и некои прирачници со повеќе решени примери, како и прашања и задачи за вежбање (поврзани со учебниците). Пробав да ги најдам, но неуспешно. Дали некој ги има? Како сте задоволни од нив и дали би знаеле каде би можела да ги најдам? Уште кај тие што продаваат стари книги на кејот кај Вардар не сум прашала.
Здраво јас имам мал проблем. Имам еден испит што треба да го полагам оваа сесија и ми е последна шанса пред презапишување. Јас искрено сакам да го презапишам, бидејќи како и да е пак ќе можам да дипломирам во рок. Условен е и задолжителен е ама така се погодува понатака за да не морам дополнително 1 година да запишувам туку баш на време можам да завршам. Другите предмети сите ми се во тек, не презапишувам ништо значи се ми е регуларно освен тој еден. Проблемот е во целото мое семејство што ме форсира да го полагам предметов, како така да презапишам, под огромен притисок сум кога станува збор за вакви работи и мене тоа премногу ми влијае на лош начин. Ве молам за било каков совет околу ова.
Ако ти сакаш пробај и види дали ќе го положиш, колку да се каже си пробал па може стварно ќе положиш. Нема право никој да ти се меша во тоа, на твоето семејство доволно е само оценките во индекс да ти ги видат, зошто претпоставувам уште финансиски зависиш од нив. За да знаат дека стварно се трудиш и дека не забушаваш. И да го презапишеш не е крај на светот и да не дипломираш во рок не е нешто страшно, многу малку завршуваат навреме.
Финансиски не зависам од никој, сама си плаќам се поврзано за факултет. Воопшто не сакам да се појавам на испитов, ама не знам како ќе го поднесам стресот дома кога ќе дознаат дека не сакам да одам..
Eпа твоите дома немаат воопшто право да те замараат. Си се трудиш колку толку и тоа они треба да го ценат, пробај да им објасниш да не ти прават дополнителни стресови без везе.
Здраво. Би сакала да прашам за мислење. Вчера полагав онлајн и се и одговорив на професорката, многу учев за тој предмет и ми пишала 9.Стварно ми е криво, сакам да ве прашам дали да и мишам маил да ја прашам зошто ми пишала помалце ама незнам како би ме сватила оти ќе ми предава следен семестар ми е страв да не ме замрази и слично? Совет ве молам
Не ме сфаќај погрешно, но не разбирам во што е лошото ако добиеш оцена 9, зарем толку ли е лоша оценката? Си положила си завршила со предметот и тоа е тоа, себично од твоја страна на висока оценка да бараш уште повисока, не секој професор го сфаќа тоа позитивно
И би ја надополнила колешката, дека штом е усно, професорката веројатно сметала дека толку заслужуваш, затоа не ти пишала повеќе. Да е писмено, можеш да докажеш ете, дека си решила повеќе, отколку што ти се дадени поени. За усно не можеш да докажеш, проф. штом решила да ти пише 9, ќе ти пише. И не ме сфаќај погрешно, ама 9 е прејака оцена, нема потреба да бараш 10, плус да не се налути професорката, да не си направиш проблем за ништо.
Подобро немој да се докажуваш зашто навистина постои можност да те замрази, а и 9 не е лоша оцена, напротив, супер оценка е. Кога студент полага испит, прво нешто на што размислува е дали ќе го положи, а потоа каква оцена ќе добие. Во втора година добив 8 по предмет за кој имав знаење за 10 и двата колоквиуми по тој предмет лесно ги поминав и нормално, си очекував 10. Арно, ама не излезе така. Кога размислив подобро, сфатив дека треба да бидам среќна што воопшто сум положила. Некој сонува за таа оцена.
И јас исто по еден предмет полагав усно и добив 9, но во оценката не влијае само тоа колку знаеш усно кога те прашува, туку се берат поени од активност на час, присуство на час, од вежби доколку имаш и од писмен испит (на нашиот факултет е така). Може и кај вас да е исто и затоа ти напишала 9. Но сепак 9 е многу добра оценка
Дечки, знам дека е ова многу глупаво прашање, но по природа сум паничар, па сакам ваше мислење. Знам дека ова е индивидуално и различно кај секого, но сепак...кога треба да почне да се учи за матура? По колку часа и на кој начин се спремавте по одреден предмет (знам дека зависи од предмет до предмет)? Знам дека е МНОГУ глупаво и нелогично прашањево, но ќе ме сфатите
@poi прашањата од претходни години да ги поминеш обавезно. Прво да не те фаќа паника, само може да ти наштети, а нема да ти помогне. Не е страшно. Нема точно време кога треба да се почне. Зависи колку имаш учено по предметите кои ги полагаш претходно и колкаво ти е знаењето. Ќе кажам лично искуство: Македонски професорката не спремаше уште од прва година. Пишувањето есеј веќе до четврта година ни беше спремно. Започнав со повторување во второ полугодие од материјалот од прва (четврта тековно ја спремав, а трета уште ми беше во сеќавање), околу мај месец веќе започнав со интензивно учење. Како што учев така ги помиував прашањата од матура за тој дел. Се водев по книгата за матуранти и книгите од гимназија. Математика вежбав брзина на решавање, бидејќи материјалот ако си гимназија ти е многу полесен. Го повотрив материјалот што е учен, па само ги решавав тестовите од претходни години. Биологија од второ полугодие помалку, па после македонски се посветив целосно на биологија. Книгите од гимназија и прашањата од претходни години беа доволни. Хемија интерен, тука ништо страшно интерен предмет е најлесен.
Од овој период ти е таман. Јас почнав од зимскиот распуст, со оглед на тоа што учам средно на англиски и поимите се скрос различни. Математика го земав прирачникот од Просветно дело, а македонски јазик лилавиот прирачник ("За матуранти"). Како што кажа @Glowy, без паника и обавезно од претходни години. Прво повтори го материјалот според темите дадени на matura.gov.mk и потоа решавај од претходни години. Почни сама и потоа повторувај од решенијата.
Дали знаете некое приватно школо кое организира часови за подготовка за матура по македонски јазик (online)?