Мислам дека не постои такво нешто, но сигурно има безброј приватни професори по македонски јазик што би можеле да ти помогнат за истата намена.
Во мојот град има такви подготовки во две школи, но едната не ми одговара, а другата не можам да ги добијам на телефон.
Здраво,4та година средно економско сум и би сакала да се запишам на Економски факултет, Сметководство и ревизија. Па сакав да прашам со колку најмалку поени би ме примиле и колку влијаат оценките од матурата и од проектната. Исто би сакала да знам како е, дали е многу тешко од некој што е на истиот факултет
Дали ЕКТС образец или А3 образец се купува од книжара или се зема од факултетот? И ако можи некој да ми пиши да ми објасни како се заверува и запишува летен семестар пошто ниш не мие јасно од соопштението на Ај Ноу.
Образец за заверка на семестар и образец за упис на семестар. Вкупно три, една уплатница и овие два обрасци. Од книжара ќе купиш и образец за упис и образец за заверка. Запишуваш семестар и предмети во iknow, уплаќаш за семестар, пополнуваш обрасци и толку. Уплатницата и обрасците ги носиш на факултет додека трае уписот. Ако нешто друго не ти е јасно пиши.
Здраво дали можам да запишам втор семестар а првиов не ми е заверен , и дали може да ми го заверат бидејќи имам само две оцени пишано уште два предмети имам положено но немаат оцени пишано а еден од предметите не ми е уште положен ќе полагам среда а јас сакам утре да запишам семестар?
Колку што знам за заверка на семестар треба да имаш потпис за завршени обврски, а не оценка. Само внимавај при упис на новите предмети да не ти е некој од положените услов, па да ти бараат оценка дека е положен за да можеш да го слушаш тој во летен. Оценка крајно ќе ти треба во септемри, кога ќе е уписот на нов зимски, тогаш што немш положено презапишуваш. Само настојувај да си ги земаш оценките навремено, за да си немаш проблеми со професорите кај кои си положила, дека може и тоа многу веројатно да не ти ги чуваат оценките за наредни сесии.
Фала ти , јас имам положено 4 предмњти од 5 и уште еден ми е останат тпј е задолжителен и не знам дали ќе може да запишам нов тоа ми беше прашањето и дрка немам за сите 4 оцена туку само за 3 (другата ќе ја земам утре)
Која е постапката за уплата на семестар на рати? Летниов семестар сакам на две рати да го платам, треба молба да поднесам само?
Здраво, стварно би ми значело ако некој ми даде некаков одговор. Сакам да прашам за матурава сега сум четврта и избрав англиски за екстерен предмет ама се предомислувам и не знам дали да земам математика пошто има можност да се промени сега, не сум сигурна за англиски бидејќи не знам баш добро мислам дека ќе паднам, буквално се опседнав со тоа а математика сите викаат тешко, дали е навистина толку зафркнато? Не дека којзнае колку ми оди математикава ама лежам на тоа уво дека има дадено теми ќе ги вежбам задачите колку толку, за разлика од англиски, не се учи јазик за 3 месеци. И дали стварно ја објавуваат предходно темата за есејот?
Јас англиски полагав. Ќе ти кажам лично искуство. Граматиката беше лесна, баш базични работи. Позезнати беа прашањата од текстовите, имаше текстови да прочиташ, па од нив да одговориш прашања. Не дека беа претешки, да не те плашам, ама имаше и некои двосмислени и чудни во нив, а текстовите беа огромни, не можеш како што треба од брзање да ги прочиташ. Многууу е важен есејот, и не, темата за есејот не ни беше претходно објавена. Колку што се сеќавам, темата што ја имав, беше нешто во врска со „што можеш ти да направиш, за да се намали препишувањето на матура„. Имаше bullet points, како поддточки фактички, кои ти беа насоки што да пишуваш и по кој редослед. Прати ги нив, и сигурно ќе извадиш добри поени. Писмо имавме, и тоа беше лесно, ама на него за глупости кратеа поени, мене лично не, ама на многу соученици. Воглавно не ми беше тешко, најдобра оцена извадив по англиски, гледај ги прашањата од претходни години, ќе се снајдеш.
Ако се двоумиш и ако двата предмета ги владееш горе-долу подеднакво, би те советувала да отвориш тест од претходните години матура, па види на кој подобро се снаоѓаш и тоа најмногу ќе ти помогне да одлучиш.
Дали можам после една недела од новиот семестар да сменам изборен? Прв пат ми е и не знам како оди процедурата.
Здраво на сите! ☺ Не успевам да најдам тема која се однесува на студии во странство, па некако оваа најсоодветна ми е за моето прашање. Годинава со новите измени полагаме матура по коцепт 2 екстерни+2 интерни со досегашната можност за дополнители 2 интерни (со нив вкупно полагање 6 предмети). Планирам да аплицирам во Германија и Словенија па кај ќе се посреќи, а планот ми е да си земам и дополнителни 2 интерни со цел да кренам на поени. Е сега, дали некој има информација дали земањето дополнителни интерни воопшто се вреднува, дали се доделуваат плус поени првично во странство па на крај краева и кај нас? Ако не ми се вреднуваат и ако не ми носат никакви бенефиции да не мачам глава напразно. Со среќа на сите матуранти!