По македонски имаш лилава и сина, англиски знам за една, а за социологија немам чуено дека има посебно освен учебникот. Имаш во Просветно дело, а лилавиот прирачник по македонски јазик по другите книжари.
Дали е задолжотелно да се избере соодветниот интерен предмет за одредениот факултет? На пример како соодветни интерни предмети на ПМФ за смерот Биологија-Хемија соодветни интерни предмети се биологија и хемија.Дали мора да се одберат овие предмети или само ке имам помалку бодови ако одберам други?
Колку предмети вкупно од прв и втор семестар може да ти останат неположени за да можеш да запишеш наредна година?
Sredno medicinsko sum i sakam na pmf da se zapisam. Dali na matura izborni treba da mi se biologija i hemija ili biologija/hemija i strucen predmet?
Јас имам завршено средно медицинско, доколку е се исто како шо беше(пред неколку години), мора еден од изборните да ти е стручен од насоката. Пример, јас имав избрано биологија(како екстерен изборен) и фармацевтска хемија(како интерен изборен).
Дали некој ја има збирката со решени задачи по математика од претходни години на матура? Ако да, го молам да ми пише во лп да го прашам нешто.
Имам прашање до поголемите. Дали доколку пријавам испит од прв семестар во априлскава дополнителна сесија и истиот не го положам пак, дали имам право повторно да го пријавам во Јуни или во наредните сесии (август, септември)
Здраво на сите! Дали некој може да ми каже од каде да се подготвувам за математика матура, ве молам? Дали да учам од прирачникот, од книгите или од тестовите, или пак од сѐ по нешто? Фала ви однапред!
Здраво дечки,веќе неколку месеци размислувам за мојата иднина,и морам да кажам дека ме фаќаат кризи... 4та година сум,и за многу кратко време ќе треба да се запишам на факултет. Се размислувам помеѓу фармацевски факултелт,биохемија на пмф и лаборант. Значи не можам да се одвучам,би се запишал на сите три факултети ако можев.Што мислите вие.кој по вас е повеќе преспективен,со кој би можел да успеам да се вработам во Германија (желба ми е таму да живеам):?
Фармацијата е убава струка и перспективна во странство доколку успееш но тука не баш , биохемијата е исто многу перспективна можеш да работиш како биохемичар во лаборатории , а лаборант не е лоша струка тоа се учи 3 години на медицински факултет и имаш слична работа како биохемичарот. Ако целта ти е полесно да најдеш работа тогаш биохемија или лаборант ти се супер избор но доколку те влече хемија фармација ти е супер избор но се студира 5 години. Лаборант ти е 3 години , биохемија 4 , фармација 5 години минимум а после имаш за да продолжиш зависи. Јас сум на медицински за лаборанти т.е инженери по медицинско лабораториска дијагностика па ако те интересира нешто прашај.
Здраво. Дали некој/а од вас започна со спремање на матурските екстерни и интерни предмети? Дали ви се дадени насоки од училиштето за интерните предмети? Контактирајте ме ЛП
Здраво феминки, Нов член сум тука, па би сакала да поразговараме за некои прашања кои ги мачат матурантите. Би сакала да се запишам на Фармацевтски факултет во Скопје. Како што разгледував, првиот уписен рок лани бил на 31.08 и 01.09. Сакам да Ве прашам: дали доколку сте оправдано отсутни на денот на првиот уписен рок, може Ваш родител/сестра/брат да ги однесе документите кои се потребни за запишување на факс или мора лично да се појде? Благодарам однапред Јас планирам на фармација, а ја имав истата дилема како тебе