Добро Феминки, тенк ју. Ќе видам како ќе правам. Воедно, ако некој има директно искуство со нештово, Ве молам пишете бидејќи навистина ми е потребно да знам. Треба да ги испланирам работите, да не биде после по свадба тапани. Ако може, те молам кажи ми што документи ќе треба да се потпишат. Секако, ако си имала вакво искуство, па ми зборуваш од прва рака.
Јас не зошто се запишав во 2018 и дојдов со сите потребни документи дури и дополнителни за секој случај и тие дополнителни добро што ги имав зошто ќе ме вратеа, но се сеќавам доста ги враќа зошто им фалеа по еден или два листа. Минатата година на уписите, катастрофа беше, да ја прелисташ темава таму накај август-септември ќе видиш каква неорганизираност имаше. Сега претпоставувам дека живееш надвор од Скопје, обично децава купуваат индекс, студенска легитимација, лист за запишување на семестар итн. од најблиската книжара до факултетот па ги пополнуваат на денот на уписот. Кога ќе отидеш на факултетот обично има некој што ќе ти ги разгледа документите дали ти е се уредно пополнето, па ќе ти дадат договор да потпишеш за како ќе студираш (редовно/вонредно) и во која квота си. Затоа важно е да одиш, мислам најдобро би ти било да одиш и со некој постар зошто стварно хаос ќе биде како и секад.
Какви се македонски матура прашањата за делата? Ги имам скоро сите прочитано, но на некои воопшто не им се сеќавам. Дали треба пак да ги читам или можам да прочитам само од некој сајт кратка содржина? Има ли детални прашања за делата?
Здраво женски, полагам математика и јас, па да прашам случајно некој да не продава користена збирка за трета година или има и веќе не му треба П.С. за членката од цитатов, јас си ја испринтав испитната програма и си ги симнав од е-учебници учебниците од минатите години, тема по тема почнав да ги работам, решавам прво се од збирка, доколку некој дел не ти е јасен или не ти текнува ќе се потсетиш од учебниците и на крај ги решавам сите по ред од прирачникот за матура. Пред матура ќе ги решам тестовите од минатите години за да се тестирам сама себе дали сум поминала се и дали сум спремна. Сега за сега начинов ми се покажа како преуспешен ама мораш да си најдеш свој начин што ќе го приспособиш на себе и твојот начин на учење. Поздрав!
Дали ќе може некој да ми каже колкава е шансата да се препише со два телефона едниот со мене а другиот да стои на катедра ако го побараат? И дали пред испитот кога ќе влагаме у училна ќе дознаеме од кое школо ни е тестаторот? Дали од наше школо ќе има барем некој прпфесор? Сите што сте полагале матура 2019,2018,2017 пишете ми ЛП ПАНИЧАММММ
Тестаторите се од различни училишта за екстерните предмети сигурно, а за интерните беа од нашето мислам. 2019 ова.
Dali nekoj od vas go ima priracnikot od biljana bogdanovska po makedonski nekoj sto polagal minatite godini da mi go prodade fotokopija baram?
Јас полагав во 2018 година, сигурно исти правила ќе важат и оваа. За ексерните предмети кога ќе ги полагате ќе ве пазат професори од други училишта, вратите се отворени и има други професори што се шетаат низ ходниците. Кога ќе влезете оставате телефони, ташни и дополнителни работи на почетокот на училницата, само сок или вода можете да имате до вас на масата, за јадење не се сеќавам дали ни забранува. Е сега во врска со прашањето за препишување, зависи од професорот што ве пази, ако е chill тогаш ќе ви дозволи да си кажувате меѓусебно и можно е да ви кажува ако доаѓа некој. Можеш да извадиш уште еден телефон, но сокри го убаво, па ако се покаже моментот тогаш извади го. За интерните испити, професорите од вашето школо треба да ви дадат прашања и после кога ќе полагате истите ви се паѓаат вие само треба да ги одговорите. Ќе ве пази дигурно професор по друг предмет. Само да знаеш дека ако цела група што полагала во истата училна или истиот предмет од тоа школо и не го стигнала минималниот критериум за да добие пролазна оценка автоматски се намалува за да можете бар сите да положите. Ако се случи да паднеш еден предмет тогсш можеш во другата сесија да го полагаш, обично се паѓа накај август.
Здраво сакав да се запишам лани на факултет ама не примаат со училишна матура сега се пријавив за државна ама немам време да ги учам прашањата ако има некоја група за препишување ако е можно да ме вклучите пишете ми во порака однапред благодарам
Знам една со училишна матура што се запиша на државен факултет, ако сакаш да се запишеш колку да имаш диплома тогаш студирај нешто каде што има помалку конкуренција сигурно ќе те примат.
Zdravo decki! Bi sakala da ve prasham okolu angliski jazik za matura. Epten me fakja trema poshto koga gi pogledam tie dolgi tekstovi se napnuvam. Kako podobro da se usovrsham, dali imate nekoi ideji, nekoja literatura da najdam. Pomagajte
Обично јазичните школи држат часови за спремање матуранти. Распрашај се каде имаат сигурно можат да ти помогат.