Од утре ќе почнам, македонски јазик, и така веќе имаме дополнителни часови со професорката за матура и мислам дека е време.
Јас само со проектнава се занимавам периодов,уште малце имам со неа. А, за учење слабо некако.. Треба да почнам,ама страшно ме мрзи кога ќе помислам колкав материјал има..лелеј!
уживајте додека можете, јас учев дури во мај после прославата за матура и положив со две 4ке, другарка ми со 5ки..само тогаш посериозно ке си ја сфатите работата Со среќа!
Мене ме интересира кога почнаа да учат тие што веќе матурираа, т.е ланските матуранти, и им беше тешко при полагањата или не? Ајде некое искуство нека споделат.
па веќе пишав погоре учев дури во мај, некаде 2-3 недели пред полагањето и тоа македонски само од прирачникот бидејќи англиски нема што да се учи и воопшто не е тешко само внимателно читајте што се бара на тестот бидејќи во многу прашања самиот одговор беше и во прашањето. Не се секирајте сите ке положите.
Јас нема почнато ништо,ни проектна ни за матура да учам.За проектната ми е најмногу страв,не можев да најдам готова треба цела сама да ја направам а дур се наканам да ја почнам,не знам
А, бе, ако сакате само да положите со двојки, не ни учете. Прочитајте нешто од кутура, ојле дојле и ајмо, удри бригу на весеље. Мене и Лукс и Плавуша ми пишаа ЛП откако положив, и на двете им ги посочив истите работи - седнете и учете. Колку и да ви изгледа неважно, ако сакате да се запишете на добар факултет, каде што има огромна конкуренција, ќе ви требаат МНОГУ поените од матура. Затоа што мислам дека тоа е целта на нивните прашања, дека сакаат да се запишат на добар факултет, само ќе им речам да си седнат и да учат. Кежуал читајте ја книгата по македонски, подвлекувајте... Немојте тоа седнување и само на памет, ба ба бам, ќе се блокирате на полагањето. Ќе учите со читање, т.е. со разбирање. Препорачувам употреба на Правописот, обрнете внимание на проклити и енклитики, тоа е испуштено во Прирачникот а упорно го има секоја година. Англиски не е точно дека нема ништо за учење, есеите ви ги носат речиси половина поени на тестот. Параграфи, линкинг уордс, формален и неформален јазик, вежбајте да пишувате есеи. Таму најмногу поенчиња се кинат, на есеите. Прецизни мисли, немој да лутате од темата и да пишувате општо, ами само на темата. Ако се бара, не знам, тркалото на колата, ќе пишувате за тркалото, какво е, зошто е, а не за самата кола. Што и да ви треба, тука сум да ви помогнам, објаснам и слично. Знам лани колку бев испаничена и немаше никој паметен да ми објасни некои работи. Сите ми викаа само абе ајде, џабе гајлињата, ќе видиш ќе се смееш догодина. Е, па, не е баш убаво така да се рече на стресен матурант, така да, ајм хиер фор ју.
Во право си Doozy, но кога не ја знаеш темата на есејот англиски и не можеш да се подготвуваш само како што спомена ти на параграфите да внимаваш, а до сега ако не си научил англиски сега за 2-3 месеци нема сигурно за 5 да научиш. Не паничете.
Точно е дека англиски не се учи за 2-3 месеци, што се однесува до пишувањето на писма и есеи нормално, но сепак некој колку сака нека има богат вокабулар и нека знае англиски перфектно, ако пред матура не седнал да прочита со кои зборови се одделуваат вовед, главен дел и заклучок или кои linking words се соодветни за користење во тие делови, ништо не прават . Не треба само да се потпирате на знаењето по англиски што сте го стекнале од одење на курсеви, гледање филмови, читање книги и списанија, седнете и прочитајте нешто за матура. Најчесто кикснуваме баш кај оние работи што мислиме дека ги знаеме најповеќе и не посветуваме доволно внимание на нив.
И јас сеуште ништо немам фатено, за проектна и дадов на професорката материјал, чекам да ми каже дали е добро и доволно. За матура планирам во мај да учам. Џабе сега ќе учам кога ќе летне наученото додека да дојде полагањето . Кога знам дека во секој случај ќе се побркам барем уште сега да не почнувам .
Еден совет за тестот по англиски, поточно за делот Comprehension. Текстовите читајте ти внимателно, не за друго, ќе имате доволно време. И прашањата читајте ги внимателно, по неколку пати, разгледајте ги сите можности. Може ќе речете Треба да го одбереме точниот одговор на најобичен текст, но баш на најлесното многу лесно и се кикснува, и тоа баш од брзање Патем, пред извесно време слушнав нешто на вести дека полагањето нема да биде во јуни, туку во мај. Што се направи со тоа? Само немојте сега паника да кренете Може ништо не биднало од таа работа.
Вчера ги добив прашањата по социологија.Околу 130 ни дала Проектната ми е интересна - Влијание на наркотични средства ( Психологија ). Ја земав книгата по македонски и имам скрипта, скратена верзија од кои учеле лани некои школи. Дeновиве треба да почнам социологија само што треба да најдам учебник од 2 и 3 година средно.
Па доколку ви дала прашања, учи само од нив т.е нивните одговори. Ние лани кога полагавме така учевме бидејќи само тие прашања се паѓаат не мора дополнително ништо
Така и ќе направам heartche, само што одговорите се во учебниците од 2,3 и 4 година средно а јас го имам само од 4 година.Таман работа да учам се.