Се' до утринава си кулирав, се осеќав спремно и единствено есејот го думав. Учев изминатите месеци и знам дека можам. Но ете пред скоро, почнав да осеќам паника и да се чувствувам како ништо да не знам. Имате некој совет како да се смирим? Сигурна сум дека оваа паника ќе расте се' до утре пред тестот. Нема нешто што не поминав, би требало да сум навистина спремна. За препишување, не ја исклучувам можноста доколку ми се пружи прилика. Но само доколку не сум сигурна во одговорот. Кажуваат дека кај нас не е многу возможно да се извади телефон, па ќе видиме утре. Со среќа дечки на сите, го можеме ние ова!
Почни од тоа што си сигурна дека го знаеш и текстовите што го содржат одговорот во нив тие се ннајлесни, кога ќе решиш се што знаеш и ако немаш можност да препишеш почни го есејот, во повеќето случаи на крајот оставаат да се препише. Без гајле ќе поминеме супер само позитива дечки
И јас наидов на истиве теми, но мислам дека се премногу општи. Според тоа што го видов од минатите години, секоја тема беше конкретна, во смисла да, може да е Ковид-19, но на пример неговото влијание на менталното здравје на младите или социјалниот живот за време на пандемијата, што секако е многу различно и бара различен пристап. Во секој случај убаво е барем да се има престава што би ни била темата па дури и да е општа. Ти благодарам што сподели со нас!
Не плашете се од темиве, ние кога полагавме 2019та, се свртеија 2 теми и на крај испадна воопшто да не се тие. Нека не ве фаќа паника, само лошо може да ви влијае. Среќно!
Дали некој/а знае дали претресуваат на влез? На пример ако имаш ливчиња во џеб или не знам слично нешто, или финтата прирачник у вц дали успева? Ден пред полагање никој не мисли на учење само на препишување
Мислам дека не претресуваат, а за прирачникот во вц имам чуено дека влагаат тестаторите и проверуваат да не има нешто сомнително, ама не сум сигурна
Кај нас ќе носат по 2 телефона еден оставаат другиот кај нас и во случај да дадат да препишеме од интернет и готовоА за претресување мислам дека не се до толку..
И ја сакав на среќа да одам ама ако имам можност зошто да не препишам хахахаха така да ќе се опремам и класниве ни викаат нас наоружани да бидеме за секој случај
Еден ден ќе се смеете за што сте се грижеле.. Матурата е една голема глупост. Ајде матуранти со среќа
Никој не претресува. Во ера на дигитализација, прирачник во тоалет е застарена опција, не верувам дека некој ја користи.
трчам на фб одма да го лајкнам постов, браво за нив, искрено што е поентата во пишување ракописно, кај е понеразбирливо и потешко за прегледување апсолутно никако не може да влијае на знаење, значи глупости
Dali imate nekoe info sto ke se padne nesto pokonkretno? Jas ke prepisuvam so dva telefona eden na katedrata ke ostavam eden so mene. Dali e vistina deka samo 2 pati smee vo wc?