Ако мислиш на претходни прашања такви имаш на страната од државна матура. На таа страна ги имаш тестотвите од сите претходни години.
Здраво, ме интересира целата матура по македонски јазик ја имам напишано на печатно кирилско писмо..Ме интересира дали тоа го оценуваат или го вреднуваат како 0 поени?Навистина сум во паника,ве молам за помош????
Не се прифаќа годинава, имаше во инструкциите на тестот. На првата страна беше, а и не` предупредија тестаторите пред да почнеме.
Тестовите се испечатени уште претходно. Еве да се цитирам вчера што објавив тука. И ова важи за сите средношколци матуранти
Сега,навистина не ми е јасно,дозволено е да се пишува на печатно кирилично писмо???,бидејќи кај нас никој од тестаторите не е предупреди како да се пишува,а и професорката кога стоеше над мене додека пишувам воопшто не ми спомна во врска со тоа
Нели само за ученици со дислексија? Тестаторите и нас не предупредија на тоа правило, а и јасно си беше напишано во тестот. Дечки зар не прочитавте пред да решавате?
Дечки, многу зависи и од тој што прегледува. Различни луѓе се, некој можеби и повеќе шкртано ќе го прегледа, а некој и нема воопшто. Исто и за есеите, на некој може “да му се допадне” вашиот есеј, и да ви стави повеќе поени, а можеби некој друг, истиот есеј, би го бодирал помалку. Така да, тоа и среќа е малку, во раце на каков “прегледувач” ќе падне вашиот тест.
Луѓе дали шерна и мјутна припаѓаат на жаргонска или терминолошка лексика? Мислам дека цела генерација има напишано терминолошка лексика.