Ако се чувствувате тажни, сетете се дека јас ги броев буквите наместо зборовите кај есејот, и сега не знам колку точно зборови имам напишано )
Убаво си пишува на објавеното, но ова важи за оние што се соочуваат со дислексија, а не за СИТЕ средношколци матуранти. Тие што имаат дислексија требаше да пријават во училиштето пред да го полагаат тестот.
Ама совет е да најават, не е задолжително. Бидејќи ова важи за сите. Но, за секој случај зашто знаеш дека нешто ќе дозволат, па после ќе заборават што дозволиле.
штоо секако дека е жаргонска, терминолошка е називи на ствари во учебник што ги има на пример Молекула или Атом такви работи Дали на тие последните страници од тестот кај што пишува празна страница ако си имам концепти изнапишано за есејот со молив ќе ми оценуваат или нешто? Прашав повеќе луѓе ама не се сигурни а тестаторката самата ми го предложи тоа (за македонски прашувам)
Цитирам од фајл на матура.гов за англиски: Во делот пишување, направена е адаптација на задачата есеј. Затоа ги советуваме матурантите да се подготвуваат за оваа задача по примерот даден во наставната програма по англиски јазик за трета година.Примерот се наоѓа на страница 23. Напомена: опсегот на зборови во кој се очекува матурантите го напишат својот одговор е 200-220.
Леле, не пишувавте ли есеи во средно со точно определен број зборови? Којзнае колку време си изгубила.
Јас на тоа напишав варваризми, зошто жаргонска мене ми немаше смисла. Жаргонот поголемиот дел од времето не е странски збор, туку алтернативен назив. На пр. типка, јако, женска. А врваризмите се странски зборови кои ги користиме иако имаме наши соодветни. На пр. хепи, бејби, јес, хелоу. Шерне и мјутна повеќе некако соодејствуваат со вториве според мене зошто за нив имаме соодветен превод и дефиницијата така гласи...
Да во право си, и мене прво така ми делуваше меѓутоа во прашањето се бараше лексиката според форма на употреба, додека варваризмите спаѓаат во лексика според потеклото. Како и да е имаше повеќе двосмислени прашања.
Дали има толеранција во однос на бројот на зборови за писмото и есејот по англиски, да речеме 10-15 зборови? Јас напишав некој плус збор, па дали е можно заради тоа да ми се вреднуваат со 0 поени? Дали ги бројат точно до број зборовите или според изглед на големина пресудуваат дали е доволно напишано?
Здраво, би сакала да прашам ако евентуално паднам на вториот екстерен предмет дали пак се полага во август во истото школо или на друго место?
Мислам толерираат 10-15 зборови плус, само ќе ти скратат на поени при оценување. Ги бројат точно од збор до збор, изгледот може да лаже, секој има различен ракопис некој поситен, некој покрупен. Во август е преполага, ама не значи дека ќе е во истото училиште, може и во друго, зависи од бројот на деца кој полагаат, некогаш и по други градови е.
Здраво. Дали знаете дали ќе има негативно влијание тоа што сум избрала социологија и филозофија интерни предмети (моја најголема животна грешка) врз упис на фармацевтски факултет?