Исто е кај сите, македонски се подобри а англиски има многу одлични со 3 и 4 .... Споделувајте искуства ве молам
Слушај, секогаш истото се случувало одлични да кикснат на матурата, поради различни околности. Е сега мислам се пуштаат приговори ако некој не е задоволен.
Како да пресметам? македонски ми е 96,26 а англиски 89,84....двата се петки ама не знам како да израчунам
Зависно на кој факс сакаш да одиш, и зависно дали имаш сооветни предмети се пресметува. Побарај наназад во оваа тема, имаше линк со калкулатор на поени, и имаше објаснувања како да пресметаш, ако најдам, ќе ти пратам.
Фала, но навистина имаат пропусти во оценувањето. Точни одговори ми се земаат за неточни. Сепак фала ти.
Имаш инструкции на матура.гов.мк, се плаќа знам 1000 или 1500, ако прифатат ти ги враќаат парите. Ако си сигурна во одговорите прати, провери ги на тестовите објавен е клучот. На другарка и прифатија.
Фала многу! А можно е да ми ја намалат оценката? Излезе не е ниту жаргонска, ниту терминолошка, ниту варваризми туку разговорна лексика. Од каде ја најдоа навистина не ми е јасно... Сепак јас си стојам зад мојот став...
Кога видов почнав да се смеам искрено, ќе пратам приговор и јас секако мислам дека ќе има многу проговори годинава..
Стручно: ======= Македонски =============================== 22222222222222222 (17) 333333333333333333333333 (24) 444444 (6) 5 (1) 48 положиле/3 не положиле ======= Англиски ================================= 222222222222 (12) 333333333333333 (15) 444444444 (9) 36 положиле/13 не положиле ======= Математика =============================== 2 (1) 3 (1) 2 положиле
Дали знаете како може да аплицираме на други факултети во вториот уписен рок кога потпишуваме изјава за не подигање на документите минимум 3 месеци? Може да се регистрираш до денот кога ги доставуваш документите во факултетот поточно 31 август.
Ако не те примат во прв уписен рок ти ги враќаат документите. Потпишувањето изјава за неподигање на документите е доколку се запишеш во првиот уписен рок на тој факултет.