Јас сум вработена и редовен студент, имам и познаници кои исто прават овака и во државна квота си се, некои и со стипендии се. Најреално на никој не му е галје за ова, и моите професори знаат дека работам па не ми прават воопшто проблем. Јас сум пријавена во Завод и во државна квота. Имам слушано за професори кои прават проблеми ако си вработен, но да бараат пари од студентот за оценка да добие. Ако те интересира дополнително слободно пиши ми во лп.
Можеш и порано да се најавиш, не знам оваа година како се уписите, но лани јас пред време ден-два се запишав он лајн.
Ни ги кажаа резултатите. Мене еден од приговорите ми е прифатен и покачен ми е рангот! А другиот ми го одбиле, и си останав со 5 и со ист ранг.
Може ли некој да прикачи список на ранг листа од примени студенти на општа медицина за 2019 година кога се полагаше матура. Сакам да споредам. Или да каже некој кој се сеќава со колку поени влегол и кој бил на ранг листата, колку поени имал последниот што влегол, или колку поени имал 200-тиот кандидат. Инаку правам секакви пресметки (главата ме фркна). Имам 93,47 поени. Можно е да се влезе на медицински (Скопје)?
Искрено годинава тешко, јас имам околу 92 и дирекно ќе одам Штип, голема конкуренција е плус и намалена граница на студенти.
Во 2019, познавам луѓе кои со 93 влегоа во приватна квота. Ама тогаш, примаа 300 студенти, а сега 200, така да, тешко, освен ако е послаба конкуренцијата. Инаку последниот во приватна околу 91 имаше.
Како и дали се рангираат поени од држабни натпревари (биологија) (зборувам за упис на медицински - Скопје). Влегуваат ли во есап или џабе се наградите Се случува ли да се прошири квотата? И во кој случај?
Кога има матура воопшто не се есапат натпревари и слично. Тие студенти се посебните квоти националности, безбедносни сили итн.
Знам дка прашаево не е за тука ама најмногу не има на оваа тема, некој што учи или учел на факултетот за туризам и менаџмент ако сака нека ми пише ве молаам
дали сме матурантите од годинава кандидати кое се рангираат само според успехот од средно, односно дали ни е првиот рок на 31.08 и 01.09?