Јас мислам зависи од факултетот, и потребата од физичко присуство. Јас на пример имам вежби, кои се бесмислени да бидат онлајн, така да, се надевам дека ќе одиме физички, бар на вежби...
Требало на време да реагираш, а не да примиш свидетелства со грешки. А и класниот раководител не смеел да даде свидетелство без добро да провери дали има грешки.
Кога се уписите годинава? За другарка прашувам Kaj da gi najdam tie izjavite sto treba da se potpisat??
Уписите се на 31 август и 1 септември (за УКИМ), а изјавите можеш да ги спуштиш од iknow апликацијата.
Тие се уписните рокови , апликацијата е пуштена и сега , треба обично да е направиш до денот на уписот до 1ви септември , со се испраќањето истите документи по маил.
Во универзитетскиот пријавен лист, кај прилозите каде што се бара бр. на сведителство, дали некој знае каде го пишува бројот што треба да се пополни? Во сведителствата или во дипломата?
Ќе може ли некој од вас детално да ми објасни како оди целиот процес на електронско пријавување и скенирање на потребните документи. Збунета сум во овој хаос. Ќе ви бидам од срце благодарна за помошта.
Дечки, дали пријавата за универзитет со таксена марка 50 ден и универзитетски пријавен лист се исто нешто? Бидејќи пријавата за универзитет вели да ја купиме од книжара, а не сум од Скопје... Образец А1 што треба да се прати на мејл е оваа пријава за универзитет? Ве молам помош
Не знам конкретно да ти одговорам на прашањата, но штом пишува дека треба да се купи на факултет, таму мора, бидејќи тие документи (пријави и сл.), имаат бројче, и не може да се копираат, така да, мора да се купи посебно, не можеш да копираш од некого..
Добра вечер на сите. Сакав да прашам дали можеби знаете дали е возможно аплицирање на два или повеќе факултети истовремено во Македонија?
Ќе се обидам да објаснам најдобро што можам. Ако нешто сум пропуштила или згрешила слободно поправете ме. Прво ги собираш сите потребни документи: пријава за запишување (образец А1), сведителствата, дипломата, извод, државјанство, уплатници за административна такса (50 ден.) и уплатница од 300 ден. за факултети кои не прават проверка на знаења или 500 ден. за оние кои прават.Овие документи треба да ги скенираш. Има и други документи кои треба да ги спуштиш од iknow кога ќе ја завршуваш електронската апликација. Нив треба да ги спуштиш, испечатиш, пополниш и скенираш. За електронската пријава одиш на iknow, се регистрираш и најавуваш. Почнуваш апликација и ја пополнуваш со твоите податоци, притоа добиваш бројче кое треба да го ставиш на пријавата која ќе ја поднесеш при упис. На крајот на пријавата треба да се прикачат сите скенирани документи, дел од кои треба да ги спуштиш од самата електронска апликација како што пишав претходно. Откако ќе ја испратиш електронската апликација од iknow, сите документи треба да ги испратиш преку е-маил до факултетот, со бројчето од iknow апликацијата во subject. И на крај сите документи се доставуваат до факултетот на денот на упис. Мора да се оригинали и затоа препорачуваат да направиш копии, заверени на нотар. Се надевам ви помогнав. Добро прашање. Мислам дека се две различни нешта.Знам сигурно дека образец А1 се купува на факултетот или во книжарата Студентски збор во Скопје, а за другата не знам. Дали може да ја купиме во било која книжара? Твојата професија или професијата на родителот
Ако збориш за тоа да аплицираш на повеќе факултети и да се запишеш на еден од нив, тогаш да можеш. Има таква опција на УКИМ колку што знам.
Нема таква опција. Има опција колку што знам само да наброиш мислам до 3 смерови по приоритет на истиот факултет.