Зошто на ФИНКИ на страната бараат помалку документи отколку на upisi.ukim.mk Еве на финки што бараат (https://imgur.com/a/RFlNJjj) а еве на страната за уписи (https://m.imgur.com/a/dmOj5fA), а пак потоа кога одам да ги upload бараат и други документи ненаведени претходно (https://m.imgur.com/a/pwMCMEy). Изјава за веродостојност? Изјава за неконкурирање на други факултети? Од каде да ги симнам овие за да ги потпишам кога ги нема никаде. Исто така Образец А1 (се бара да се прати во емаил на финки) го нема. Дали се мисли на интерната пријава или универзитетска пријава или нешто трето?
Ги собираш сите документи, тие од Iknow, уплатници и др. Тие што треба да се пополнат рачно ги пополнуваш со пенкало. Кога ќе ги потполниш заедно со другите документи ги скенираш во електронска форма т.е одиш во фотокопир или ако имаш дома скен. Откако ќе ги скенираш ги прикачуваш на Iknow. Доколку имаш некои нејаснотии најдобро е да го контактираш факултетот или пак МОН. Околу тие изјави, тие ги симнуваш од Iknow или страната на факултетот/упис и ги прикачуваш. Универзитетска пријава мислам дека е достапна на Iknow а А1 образец се купува од книжара 50ден. Не, при самото аплицирање на еден факс пополнуваш изјава дека нема да аплицираш на друг факс. Можеш да ја пуштиш порано, 31 август и 01.09 е рокот кога завршува првиот конкурс. Не се вакцинирам без разлика дали е услов или не, јас бев задоволен од онлајн наставата. Истите документи што се прикачуваат на Iknow. Не кревајте паника, можно е системот пред време да пресметува помалце но крајното да биде океј а плус сум сигурен дека ги пресметуваат и рачно. Не требало да притискаш, пробај со нова апликација ако може но мислам дека таму пишува дозволена е една апликација. Ако имаш проблем, контактирај ги службите.
Физичко присуство би требало да се започни, а како ќе се одвива понатаму не се знае... Август сме а бројкиве растат а замисли в зима..
Дали треба електронско пријавување пред почетна дата на уписи?Не можиме не нивна страна да најдиме,или пак сме пропуштиле таков податок?Благодарам
При притискање Заборавена лозинка на iknow не ми пристига мејл, а неколку пати се обидов. Каде може да се обратам? Не е дека е заборавена (точно знам дека е таа), туку ми вели невалидна најава. Треба да прикачам диплома, дали има посебен мејл каде можам да се обратам или број да вртам? Итно ми е ве молам
Можно е да е паднат системот, се случува да им бугира. Ако нее хитно, пробај утре понеделнички. Ако не бива пак, обрати се до факултетот/студентски прашања. edit: провери си и во spam
Добра вечер на сите, добро би ми дошла вашата помош, па би сакала да прашам нешто во врска со уписите на факултет (УКИМ). 1. Дали универзитетската пријава за запишување се зема од факултет и рачно се пополнува; 2. Дали таксената марка е исто што е и административната такса од 50 денари (т.е. треба да се плати преку уплатница) ? Ви благодарам <3
Веројатно пак ќе зависи од факултетите, неофицијално на економски пак ќе биле онлајн, веројатно и финки, кај мене немаат кажано...
Дали мора образецот А1 да се купи од факултетот? Не сум од Скопје, а го нема на iknow Дали може некој што ќе се запишува на ФИНКИ да ми прати порака
Дали образецот А1 е истиот тој којшто може да го отпечатиме од IKnow системот како Универзитетски пријавен лист, затоа што јас не можам да го купам од книжара, не сум од Скопје.
Нее истиот. А1 образецот се купува од книжара. Но мислам дека нема потреба да се прикачи, пошто физички ќе им го однесиш. Јас лани го прикачив и пак ми бараа да им го доставам физички. Прашај во студентски прашања дали може да поминиш без него т.е само со пријавата од Ајноу.
Здраво дечки, сакав да ве прашам дали докуметите за упис на медицинскиот гакултет треба да ги пратиме на 31-ви август/ 1 септември , или можеме и сега да ги пратеме преку мејл бидејќи сега ми стигна известување на која email адреса треба да ги пратам документите , дали треба на 31 август да ги пратиме на e-mail како и на iknow или можеме и сега
Дали образецот А1 мора да се купи од Скопје и да се испрати на 31-ви на мејл? Не сум од Скопје па би сакала да знам дали може да го купам кога ќе ги доставувам документите на запишување.
Да мора во Скопје на факултет или во книжарата Студентски збор. Вие што ја испративте iknow апликацијата дали ви пристигна потврда на е-маил? И дали може да ја разгледувате/менувате потоа?