Здраво. Дали може да ми кажете што напишавте во полето занимање на родител/студент на електронската пријава? Кој и да прашам различно ми кажува и целосно ме збунија.
И јас сакав да прашам за мислење за ова. Сега засега ми е напишано занимањето на родителот,но не сум сигурна дали треба уште нешто да се додади
Дали универзитетската пријава може да однесе директно на факултетот без да се испрати онлајн? Се бара да се купи од книжара или факултетот, но не се продава каде што јас живеам
Фала ти многу! Навистина се збунив пошто на iknow ги пишува а на интерниот пријавен лист не. Јас пишав професијата на родителот. Не мислам дека би требало да додадеме нешто друго... Мора да ја испратиш онлајн преку iknow зошто има поле за нејзино испраќање (барем кај мене) , а истата мора да ја пратиш и преку меил на факултетот подоцна заедно со другите документи.
Дали апликацијата за уписи има опција да биде започната и потоа да се зачува, па да се дополни друг ден и тогаш да се испрати? Бидејќи не сум сигурна дека кога ќе ја отворам првиот пат, ќе ги имам сите документи. (Ако има можност некој да прати screenshot од сите потребни документи за iknow ќе биде супер)
Дали на 31ви и 1ви треба да се поднесат документит физички и покрај електронската пријава и пријавата на меил или тоа се крајните рокови за електронските пријави? И дали озбило треба да одиме до Скопје само да купиме образец А1 за да го скенираме и пратиме во електронската пријава? Можеш слободно, документите ти се наоѓаат на последниот чекор од пријавата. Ако го затвориш сајтот, па пак пробаш може само да треба да кликаш „Продолжи“ за да стигнеш до последниот чекор, внесените податоци ќе ти бидат зачувани.
На 31ви и 1ви се испраќаат документите електронски. На 7ми излегуваат конечни резултати и ако си примен на 10ти или 13ти септември се носат документите на факултетот за запишување. А инаку за образец А1 ни јас не сум сигурна дали мора да се оди до Скопје. Се надевам не бидејќи не сум од Скопје и навистина е малтретирање.
Не,не треба да се оди физички на 31ви и 1ви. До тогаш треба да сме пријавени на iknow,и во тие два дена да испратеме и меил.Физички ќе треба да се оди за запишување официјално одкога ќе излезат резултатите. А за пријавата да,сите велат така,тоа го имало или во Студентски збор или во книжарите околу факултетите..
Тој А1 образец, го има само во Скопје околку факултетите. Јас кога се запишував, пред пандемијата, дента кога одевме на уписи, го купувавме истиот, и го предававме заедно со сите документи. Го нема на други места, неизбежно е да одите до Скопје, или некој да ви го прати од таму, бидејќи истиот не може да се фотокопира, има шифра на него..
Да може. Повели листа со документи ако не се снајде: За жал мора да одиме во Скопје за образецот... Инаку сега документите не треба да ги доставуваме физички на 31 и 1?
Јас сфатив пак дека со тоа што ќе пополниш пријава на iknow и меил,дека веќе си пријавена на факултет
Ова го кажаа на отворениот ден на финки, во врска со уноверзитскиот лист(А1). Кажаа дека електронската пријава на iknow, заедно со пријавата преку мејл треба да се направи до 31ви август. Потоа ќе ги прегледаат и ќе не рангираат. Доколку сме примени, ќе треба да одиме и да ги однесеме истите документи(оригинал) во Скопје, и дека само тогаш е потребно да купиме А1 а за iknow да го искористиме форматот на iknow.
Може да се испечати и пополни таа од iknow за електронската пријава, но кога ќе ги носеш документите физички ќе мораш да си купиш од книжара оригинал
Не налетав на вакво прашање- дали доле лево на пријавниот лист (кадешто пишува Прилози) треба сами да пополниме бројчињата? Инаку за заборавената лозинка и мејлот, сум налетала на фушерајска страна на уким и затоа не ми давало (некоја демо верзија).