Образец а1 е листот што го купуваш 50 денари и плус треба да уплатиш преку уплатница на факултетот што ќе одиш 300 денари и административна таксена марка 50 денари исто преку уплатница *За административна таксена марка ваква уплатница ми дадоа
Прашања кои сите не мачат: 1. 31ви и 1ви треба да се поднесува во Скопје или тие се датумите за праќање меилови на факултетите? 2. Што треба да се напише во делот Свидетелство бр.______
1.Нетреба да се поднесува во Скопје само до тие дати треба да се поднесе по меил на факултетите а на 10ти и 13ти мислам од како ќе излегнат резултатите се оди во Скопје. 2. Колку свидетелства се приложени т.е 4.
До 31 треба да се испрати на маил потребните документи и секако на iknow, а на 31 или 1.09. треба да се оди скопје за да поднесат истите документи на факултет.
Девојки ова важи за сите факултети? До 31 да се испрати мејлот со документите до факултетот а на iknow да се испрати исто ДО 31 или НА 31? И да не знае некој зашто не можам да се регистрирам на iknow системот?
Не со податоците што се внесени Не до 31.08 или 01.09 се само пријавувањата и со тое податоци сме рангирани, од како на 07.09 излегува конечната ранг листа се оди во Скопје и се запишуваме тогаш на 10ти или 13ти од како ќе бидеме примени. Затоа шо сега ти не знаеш дали си примен или не па да зе запишеш тогаш на 31ви или 1ви. И како што кажа членка погоре тогаш на дено на запишувањето знали на 10ти или 13ти се купуваат плус работите кои ги кажа и со тоа се запиуваме ние. Се пријавуваме до 31ви и после кога излегнат резултатите се запишуваме т.е одиме во Скопје на 10ти или 13ти.
Здраво девојки. Јас сум сосема изгубена. Дали ќе може некој да ми каже како да се пријавам за факултет на УКИМ, сите мои другарки се имаат веќе пријавено?
Се ова треба да е направено до 31 август или документите да се испратат на маил НА 31 август (дека така пишува во конкурсот)?
До 31 август имаш време да се пријавиш на iknow и да пратиш мејл. А според конкурсот на 31 август и 1 септември треба да ги однесеш документите во факултетот.
Абее како,кај прочита дека физички треба да се носат? Си пишува пријавувањето се врши електронски преку емаил…И на iknow негде пишуваше поради Ковид мерките оваа година пријавата се врши електронски.
И јас колку што знам на 31 август и 1 септември не се оди на факултетот туку на 10 и 13 кога е запишувањето на примените кандидати кои си ги носат сите документи од електронското пријавување на факултетот
Во конкурсот пишува. Која страна се подразбира како страна 1 од дипломата за завршено средно? Таа каде што пишува положена матура или таа со резултатите од матура?
По логика треба страна 1 да е левата кај што пишува дека сме положиле матура а таа со оценките од десно да е страна 2
Ај стварно ако можеш прати кај пишува..Знам дури за на ПМФ со големи букви им пишува дека не треба да се доаѓа на факултет тогаш,а на Финки пишува:Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поднесат оригиналните документи за пријавување и за запишување…
И јас мислев така зошто и кај мене пишуваше првин само број на страници но сега пишува Страна 1 за оние што полагале матура и Страна 2 (3,4) за оние што завршиле средно пред 2019/20, па не ми е јасно што треба точно да се прикачи што е проблем зошто не можеме да го тргнеме документот подоцна ако го ставиме погрешното нешто... Еве што пишува на страната на ФИНКИ.