Никаде не спомнуваат физичко присуство Во делот ,,потребни документи" вика ,,Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на адреста upisi-finki@ukim.edu.mk и дополнително прикачување на скенираните документи на последниот чекор во електронската пријава од iKnow-системот."
Даа,и истото го пишува и на Медицински и на сите други факултети,убаво си пишува дека е електронски.. Тоа е интерниот пријавен лист мислам.
Леле, јас сум ставила 4 страни и сега не можам да ги избришам. Не знам дали би било тоа проблем за уписот? Барем да им ги пратам на мејл како треба
Ајде ве молам за помош да дефинираме... ДО 31 август треба да се пополни и испрати електронската пријава од iknow, а НА 31. 08. и 01.09. треба да ги испратиме скенираните по мејл. И тоа е сѐ? И уште нешто како ја прикачивте дипломата?
Здраво дечкии, регистрирана сум како индивидуален земјоделец, дали би имала проблем за упис како редовен студент и за аплицирање во студентски? Кој смер ке се запишуваш на економски? Mожно е да бидеме колешки xD
При електронската пријава одбрав правен факултет, правни студии, а предходно имав друг факултет избрано, и забележав дека ги нема за да се симнат изјавата за лични податоци, националност и неподигање на документи, а ако е на друг факултет ги има, дали и некој друг го има истиов проблем? Зошто е така?
Дали може некој да ми каже каде точно т.е. во која книжара да ја купам пријавата со 50 ден. административна такса? Не сум од Скопје и ми треба точната локација.
Книжари имаш во близина на факултетите ( пр. Во близина на Шумарски автокоманда, во близина на филозофски филолошки Битпазар , во близина на медицински факултет, на техничкиот кампус неколку има мислам Карпош 2 ти е тоа... А за административна таксена марка не се купува од книжара со а1 образецот посебни се тие две и се по 50 денари, а се уплаќа преку уплатница а мислам може и преку СМС порака (ама за СМС незнам како иде тоа...)
Дечки итно, за упис. Дали каде што пишува "татково име и презиме" може да го ставам името на мајка ми?
Сакав да прашам дали има врска што скенирани документи се црно бели, или мора во боја. Оти јас ги пратив црно бели документите. И уште нешто, мислите дека може да ставаме документи откако сме ги испратиле, ако случајно нешто сме заборавиле?
Dali dokumentite koi se spustaat od iknow sistemot treba da se ispecatat, pa potoa da se popolnat l, skeniraat i da se prikacat? Ili nekako poinaku kompjuterski se popolnuvaat i kako sto sme gi spustile taka gi prikacuvame?