Бејбиблонд жал ми е што доби 4ка... и јас како тебе ги читав сите книги и сега треба оваа година да полагам.Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред, очекувам 4ка или 5ка по македонски, тоа според мене е најтежок предмет за полагање
Јас колку што знам се што даваат на тестот го има во книгата за матуранти, а за романтизам има само за Бајрон и Пушкин. Така да мислам дека Гете и Едгар Алан По нема да се потребни. Што мислите Вие?
Јас мислам ќе има 100%, зошто ние ги обработувавме и нив и тие беа теми за писмените, а Гарванот како песна ја обработувавме со сите салтанати... само за македонски романтизам да нема.
За Пушкин не се знае дали со сигурност ќе е, зошто албанците не ја обработуваат Евгениј Онегин како што претходно кажав ама јас многу сакам да биде за Евгениј, таа книга ми е еден од омилените романи во стихови. Леле тешко нас
Нам професорката по македонски ни кажа дека ќе има тема од романтизам и слободна тема кој што сака тоа да пишува . Колку е точно не знам.
^ Точно е, секоја година е така 2 теми и бираш 1, слободната таму ти ја даваат, а оваа со правец што е ја дознаваш ете за нас романтизам, лани имаа слободна тема и реализам
Да ама потешка е варијантата да ја одбереш слободната тема, зошто во тој момент можеби нема да имаш инспирација да напишеш добар есеј. Секоја чест на тие што имаат голема дарба за пишување, јас си одам на варијанта романтизам
Да де да, ние ќе си ја спремиме темата за романтизам, мислам отприлика ќе прочитаме се што е можно и на располагање за делава, писателиве и правецот воопшто, а ако се погоди и лесна слободна тема може да ни се погоди таа уште полесна, општа тема е
^ А општата тема тој шо сака да пиши на пример, тогаш ја кажват, така? а во матурата даена е само за романтизмот?
Сега ќе се убацам во муабетов ... Али како бе две теми за есеј имате? Ние имавме една, али тоа пред две години ...
Да Ади општата тема не ја знаеме однапред, туку тоа што ќе се падне во моментот, тоа е. Затоа сите за секој случај да научиме што е можно повеќе за романтизмот, јас мислам не можеме да спремиме есеј од дома точно зошто не знаеме низ кои дела ќе бараат да се отслика романтизмот, сигурно нема низ сите заедно, ама пак ние за се по нешто ќе си имаме.
Ма според мене матурава е една голема глупост и ништо повеќе. Само се замаравме и ние, а и вие уште од март зборите за тоа и се тресете. Која реална слика се покажува за знаењето жити се, кога секој може да препише? Абе ајде. Глупости во боја, што ми вреди кога имав се 5 во средно, кога сега пак сум приватна квота на факултет? Ај барем учам тоа што сакам, во ред. Али и по две години уште ми е криво.
Едно прашање до матурантките - почнавте да се спремате за есејот нешто ? Нас професорката стално ни вели да почниме полека да бараме нешто на интернет за романтизам и претставниците или во некои литератури и барем да си имаме готов вовед, еден вовед во кој би биле вметнати сите претставници, втор вовед за пушкин, трет за Бајрон и уште тие двата незнам за кои се, плавуша ги имаше спомнато поназад, ама јас не ги знам, ги немаме никогаш работено на училиште еве проблем плус за мене
Кај нас со ништо немаме почнато, само некои од професорите дадоа прашања за интерните и за проектната си одбравме теми и до 28-30 да се предадат знам. За екстерните уште ништо.
Во врска со есејот македонски ни кажаа дека ќе имаш понудени 2 теми: едната е од литература што сме ја имале во програма, а втората општа тема и ти самиот треба да одлучиш за која ќе пишуваш... Според мене супер е вака барем ако не ти се погоди делото, ќе можеш да си напишеш добар есеј на општа тема