А1 образецот во кое поле треба да се прикачи на iknow, не можам да сфатам? Јас пуштив сѐ, но без а1 образецот.. хелп плс
Дали исчезнуваат документите што сме ги прикачиле на iknow ако потоа излеземе од електронската пријава? Зошто претходниот пат кога пополнував, линиите околу полињата за прикачување беа зелени, но кога денес отворив повторно не се. Или нема тоа врска?
Сега во моите свидетелства не пишува националност исто така и во дипломата. На изјавата за национална припадност нема Македонец (исто така нема ни поле за потполнување) дали тоа значи дека треба да изберам 7.Друго или воопшто нема потреба да ја потполнувам таа изјава?
Првото е мислам образец А1, меѓутоа овој е отпечатен пример од iknow, а вториот е интерен пријавен лист. Треба двете да се прикачат ама првото треба да го купиш во книжара.
А1 образецот го купив, ама мислев дека има некаква улога и овој пријавен лист Сеедно, фала ти Кратко прашање, што треба да се напише кај делот "Свидетелства бр." на А1 образецот?
„Образецот ви се генерира од самиот систем, од таму треба да го испечатите и да го потпишете и таков да го прикачите. Оригинал образецот ќе треба да се достави, кога ќе ги доставувате документи физички на факултет.“ - одговор од службата на ФИНКИ за образец А1 Прашање, дипломата што треба да се скенира, страна 1 е онаа што има само име презиме, датум на раѓање и т.н. ?
Не знам , не сакам да ризикувам за ова со образец А1 зошто има напомена на iknow, види: А за дипломата јас ќе ги ставам двете страни во еден пдф документ, зошто инаку не се комплетни сите податоци.
Здраво девојќи, направив профил затоа што видов дека има активни кои разговараат за оваа тема Јас ѓи испратив документите денес и добив одговор дека се примени но сега видов дека не сум го испратила тој документ за националност. На моите свидетелства пишува држава и државјанство Р.Македонија, а на документот за националност нема македонец/ка. Дали направив грешка за тоа? Исто на конкурсот пишува дека за факултетите кои имаат приемни испити, пријавувањето е на 26 и 27 август, дали треба лично да отидам до Скопје еден од овие денови, да се пријавам во факултетот? Зошто е ова толку стресно хаха
Ако си македонска националност не треба да се пополнува колку што знам. Иначе дали факултетите издаваат некоја потврда за под каква националност сме запишани на факултетот и студираме(било каков некој документ) и дали некаде ја пишува националноста бидејќи разбрав во индекс не се внесувала?