Ако си Македонска припадност мислам не треба и така на образец а1 што се купува од книжара има празно поле за националност сам да пишеш не да бираш таму ќе напишеш македонска националност(Македонец/ Македонка), музичка ликовна и драмска уметност има приемни и архитектонски другите не и пријавувањето ти е онлајн не се оди сега до Скопје туку откако ќе те примат на упис си одиш во Скопје со сите документи, а за овие што спроведуваат тестирање факултети незнам како е за нив немам читано дали треба да се оди таму или не пред упис и слично...
Мислам дека нема потреба од таа изјава ако не си малцинство. Види дали ти пишува Македонец/Македонка во сведителствата. А за приемниот испит треба таму да одиш колку што знам јас. Или пак пријавувањето за тие факултети е до тие датуми, убаво разгледај.
А како се скенира навистина не ми е јасно? Која дата ја пишувате на изјавите? Пример ако денес пратам 25.08 ли?
Оди во книжара и речи им да ги скенираат документите што ти се потребни и што ќе ги однесеш таму. Со тебе земи УСБ или нешто слично за да има каде да ти ги стават. Вака е наједноставно според мене
Дали кога ја испративте пријавата ви стигна некој меил или? Бидејќи јас ја испратив но кога отварам на iknow ми излегува пак страната со прикачените документи
Дечки без паника , пријавата е секако пратена. Ако фали одреден документ, имате оставено мејл и телефон за контакт ќе ве контактираат но ако сте прикачувале внимателно и по ред не би требало да никаков има проблем. Нема начин да знаете што сте прикачиле или дали сте испратиле. Сите документи секако се носат на факс на 10.09, и да заборавите некое ливче ќе може да се однесе на денот на запишување.
Не знам кои апликации се користат за скенирање бидејќи не скенирам преку телефон само знам дека можело и така.
Ги прикачив документите, пуштив пријава, но уплатницата од 300 денари заборавив да ја уплатам, а прикачена е можно е да ми прават проблем, пример ако ја уплатам деновиве?
Не знам дали ќе ти прават проблем ама кога ќе ја платиш некако ќе треба да им ја испратиш бидејќи на платена уплатница има печат и потпис на банката.