Јас уште нѐ иначе поназад во пораките имам прочитано дека кај сведителства Бр. ставаат 4 (колку сведителства праќаме)
Не знам, јас испратив сите документи, а не го пополнив ова.. ама едно девојче ме праша што сум пополнила на овие
А за тоа број на извод на родените има доле лево во изводот "Бр." пишува првин печатено некое бројче со коса црта па после допишано со пенкало можно е да е тоа.
Значи треба да се потполни свидетелства бр.4, бројот на изводот на родените тоа го пишува доле во левиот агол од изводот ии на крај или да штиклираш ако си уплатил преку банка или шифрата од смс кодот за таксата мене така ми кажаа..
Луѓе ве молам за помош. Како можам да ги најдам барањава електронски, на маил ми викаат дека се прикачени на iknow и двете меѓутоа не кажуваат стрикно каде се, ги прашав во студентска служба и тие не знаат точно. А1 образецот е објавен на економски, дали тој важи за сите факултети на уким?
Дечки дали некој знае зошто кога притиснам ПРАТИ, на iknow, постојано врте и не се испраќаат документите? Please help
Универзитетската пријава се купува од книжарите околу факултетите. Овде треба да кликнеш за да ја симнеш (во iknow, ова е само screenshot од таму). Автоматски според внесените податоци во iknow ти е потполнета пријавата, треба да се испечати и потпише па да се скенира и прикачи. А подоцна кога ќе треба да се однесат сите документи на факултетот мора да биде онаа од книжара, под твоето прашање има слика за како изгледа пријавата (Универзитетска пријава = А1 образец)
Јас ја пратив оригинал од книжара ама имав прочитано овде на форумот дека можело да се прати и таа од iknow доколку некој не е во можност да ја купи бидејќи ја нема во секоја книжара. Во главно кога ќе треба да се однесат документите на факултетот тогаш мора да е купената, а сега можело и таа од iknow да се искористи.
Доколку некој не е во можност пример живее надвор од Скопје не било морално сега туку кога ќе дојде за уписот на примени кандидати тогаш ќе треба да ја купи,пополни и да ја достави на факултетот заедно со другите документи