Исто и јас. Но доколку сме испуштиле некои документи/пријави и слично веројатно од факултетот ќе не контактираат да им испратиме тоа што фали. Затоа мислам дека нема потреба да креваме паника
1. пријава за запишување(образец А1) 2. електронска пријава(од iKnow-системот) 3. оригинални свидетелства од сите класови 4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 5. извод од матичната книга на родените 6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) 7. потврда за уплатa: - Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на Медицинскиот факултет Депонент:НБРМ ж-сметка: 100000000063095 Сметка на буџетски корисник:1600111517788-13 Приходна шифра: 723019-41 - Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот: Трезорска сметкаСкопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00) Значи ова
Тоа со црвени букви и бројки? И јас прашував ова, решив да ги ставам двете страни во пдф документ и да ги пратам така. Така пишува кај нив на страницата... Јас ги прашував која универзитетска пријава да ја прикачам, а тие ми одговорија вака.
Нее,над тоа кај што пишува Бр.,веднаш под бројот е и датумот.. А инаку овие од студентски прашања за двете пријави да не мислеле за интерен и за универзитетски пријавен лист,а не за тоа ти што прашуваш
Значи да разјасниме за сите: Кај сведителства бр. пишуваме 4, а не деловодниот број; Кај изводот бројот што е над датумот; И тик ставаме за уплатница или бројот сериски од СМС.
Дечки да ве прашам јас се им пратив на iknow системот е сега кога на емаил и што конкретно да им пратам, пример за фармацевтски факултет?
Провери на страната што пишува кои документи треба да се прикачат? Јас се што пратив на iknow испратив и на email во случај нешто да не се пратило на iknow. Btw: не се запишувам на фармацевтски, но сепак мислам дека не е грешка доколку пак ги испратиш сите документи и таму.
Драги идни студенти, дали на 31 август треба да се однесат Скопје документите? Јас знам дека да, но некои викаат дека само електронски требало.
Повели ова го има за Медицински во куси информации. И јас првин мислев така, но прашав подоцна и од студентски прашања ми рекоа не треба. Само мејл и електронска пријава од iknow пред 31.08 и 01.09
Фала ви дечки! Јас ѕвонев, но не креваат. Една другарка пред 1 месец прашала и и рекле дека треба да се носат. Збунета сум искрено.
Дали знаете доколку сите смерови ги подредам и штиклирам приватна квота, ќе се гледа сите смерови прво во државна дали има место па отпосле во приватна или секој смер се гледа посебно државна па приватна? Се надевам не е збунувачки .
Секој смер те рангираат првин државна па приватна ако не успеат на првиот избор идат на вториот итн. Значи секој смер првин државна па кофинансирање па после следен избор.
Незнам дали прашањето ми е за овде, но некој случајно да знае дали со 87 поени би поминала во државна квота на СИИС?
Зависи од конкуренцијата, ама ептен мали шанси има и не е многу веројатно. Подобро пробај си на друг смер
За тие што пуштивте пријава за медицински факултет, ќе може ли некој да ми каже на кој емаил ги пуштивте документите?