Дечки дали има некој кој се пријавил на Економски и пратил и mail? Бидејки на некои факултети стига повратно а на некои не, јас пратив и мене ништо не ми стигна. Сега незнам дали е до факултетот или до мене.
Не би требало бидејќи и при самото пријавување потпишуваме изјава за неконкурирање на друг универзитет.
Ние потпишување дека нема да контактираме на друг универзитет во земјава и странство а не за друг факултет во рамките на истиот универзитет
Здраво,би сакала некој што ги знае со сигурност одговорите на следниве прашања или некој што се запишал лани да ми одговори. 1.Доле лево во А1 образецот пишува сведителства бр.,извод од мат.книга на родени бр. и шифра за административна такса или доказ за вирманска уплата. Каде точно се наоѓаат информациите на самите документи? 2.Дали датумот на документите симнати од IKNOW системот треба да биде 31? Бидејќи на еден документ автоматски ми се потполни датумот на кој ја потполнував пријавата. Па дали ќе има проблем ако таму го пишува тој датум а на другите 31? 3.На пријавниот лист има назив на завршената школа. Таму треба да стои името на средното училиште?
1.Бројот на сведителства треба да е 4 бидејќи толку сведителства имаш, на изводот треба најдоле во левиот кош да има бројче веднаш над датата на која си го извадила изводот, а за таксената марка јас само штиклирав тоа за вирманска уплата. 2. За датумот никаде не е прецизирано но јас на сите мои документи напишав 31 август иако вчера ги испратив. 3. За последново незнам на пријавниот лист кој јас го купив нема такво поле.
Само одредени факултети враќале повратно. Колку што знам економски и медицина не враќаат. Финки и ПМФ враќале.
Добра вечер, дали треба на 31 и 1 да се оди со физичко присуство да се носат документите на Медицинскиот факутет во Скопје?
Фала ти! Јас ги прашав на студентски прашања ми рекоа дека нема потреба, електронски ќе било. Само да ги пратиме мејлот и пријавата од iknow пред 01.09. треба.
Ај уште еднаш да си прашам, бидејќи сум вработена со договор на дело, која е процедурава за вонредно запишување студии знае некој ? Гледам образец М1 М2 бараат само колку јас сватив таму има пријава и одјава на работен однос. Некој запознаен со ова да ми подобјасни ?