Дали во мејлот кој треба да се прати на 31ви и 1ви треба да се стават и изјавите од iKnow, или само А1 образецот, ел. пријава, извод, државјанство, уплатниците, диплома од матура и сведителства? И дали електронска пријава од iKnow се мисли на интерниот пријавен лист?
На кој мејл треба да се прати за фармацевтски факултет? На 31.08 и 01.09 што всушност се прави ако пред време им праќаме на iknow и на мејл?
Јас им пишав на фармацевтскиов и ми рекоа дека треба со физичко присуство да ги доставиме на 31.08/01.09 документите...
Епа штом треба физичко присуство тогаш според мене нема потреба ама и јас ќе ги испратам за секој случај. А каде пишува што точно треба да носиме на факултетот?
На што мислиш? Јас ставив сѐ освен изјавите зошто така пишуваше на мојот факултет и во конкурсот, меѓутоа провери на станата на факултетот каде што аплицираш за секој случај некои ги бараат и изјавите.
Јас се регистрирав на страната на АВРМ и во делот работни места имаш тековни вработувања ( и кликаш на печатење ) и од таму го симнав М1/М2 образецот ( со сите детали во него) .
Na a1 obrazecot, dolu levo ima prazno mesto da se popolni sifra za administrativna taksa ili dokaz za virmanska uplata, sto treba da napisam?
Ако си платила по СМС има шифра и треба да ја пишеш неа, а ако си платила со уплатница стави само тикче во коцкичката и работата е завршена.
Не е за овде прашањево ама најактивни е темата. Ме интересира сега за следен семестар треба да презаоишам еден предмет. Е сега во следниов имам вкупно 5. Два задолжителни и три изборни. Сега овој што треба да го презапишам треба на местото на некој изборен или може и на задолжителен? И после како оди со тој што нема да го запишам сега? Треба во следниот зимски семестар?
Леле јас една шифра од уплатницатa ставив кај делот за шифра, наместо тикче, не знаев дека тоа е само за смс… Се надевам нема да е проблем тоа
Не мислам дека би било проблем, сепак ти доставуваш доказ за уплата од банка, ќе видат во што е работата. Најважно од сѐ е парите се уплатени кај нив. Ако сакаш евентуално пиши им на факултет и прашај ги, но мислам дека тоа не е потребно.