Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Баш денес закажаа датум и јас сега на почеток на април ја бранам проектната заедно со другите што се на економските предмети, па се надевам ќе поминам не добро, одлично. Уште од сега ме фаќа страв, трема, паника невидена. Не знам како треба, проектната е одлична, туку јас дали ќе определам убаво во концептот од што колку да кажам, како, во глобала да биде се, а да не биде детално зошто се нема многу време за тоа. Посакајте ми среќа, ви посакувам и јас вас кога ќе ја браните својата. :worried: Ќе се спремам за 5 и очекувам максимум бодови. :doh:
     
  2. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    5.217
    Пол:
    Женски
    Проектната ми е готва, во петок треба да ги предадеме, само уште да се испринта :rofl:
     
  3. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Со среќа Плавуша, и не му ја мисли толку пошто проектната е најлесниот дел ,потешкото допрва доаѓа :) . Е сега ,незнам кај вас како е, ама кај нас професорот што ни е ментор не смее да поставува прашања после презентирањето, а останатите професори што се во комисија поставуваат 2-3 кратки прашања и тоа е тоа :) .
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Е фала, ќе ми треба многу :worried: А инаку па веројатно и кај нас е така, таа што ми е ментор ми е класна воедно и ми рече од неа ќе ги имам сите поени, а дека и другите не треба многу да малтретираат, може да постават кратки прашања што викаш 2-3 за содржината, а не за тоа колку стр. има дали имала 15 или 17 итн. тоа е работа на менторот :doh:
    Се надевам тоа што ќе ме прашаат ќе биде од проектната, зошто лани ми кажуваа по други предмети ги прашувале и надвор од она што го имаат напишано, а го испуштиле нешто во тој стил, тоа е со лоша намера според мене, па прашувај тоа што го напишал, никогаш не може се да се напише |( А некои не ги ни прашувале многу за содржината, повеќе отприлика колку време им требало, дали со помош ја правеле, за користената литература итн. а од текстот прашање дали добиле, ама се зависи од проектната, од комисијата и од среќата...
    Со среќа и тебе блазе си ти што немаш трема, позајми ми нешто :lol:
     
  5. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Јас ќе ја полагам проектната во петок. Уште од денес земав да си ја читам иако има време. Нема потреба за плашење. Сите имаат висока оценка на проектните. Ајде нека ни е со лесно :D
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Нека ни е со лесно на сите.
    Ја сакав да ве праша за тие што почнале да учат македонски.
    Дали мора на памет да ги знаеме сите дела од авториве? Па многу се и се мешаат.
    Под сите не мислам за раскажување на главните туку на романи, драми итн.?
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски



    Мора да знаеме барем по уште три дела од авторите. На пример Пиреј е од П.М Андреевски и мора уште три дела да знаеш од Анрееевски. Јас се нервирам за тоа што мора да се знае драмата од колку чина е и каква е :puke:
     
  8. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Не не мора да се знаат сите. Само треба да се знаат тие главните што сме ги учеле и нивната содржина.
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Во еден тест имаше прашање од колку чина е драмата Печалбари :tmi: се надевам нема оваа година да ни падната такви прашања. А дали проектната задача треба да биде во боја во сите три примероци ? :)
     
  10. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    сите три примероци треба да бидат исти, без разлика дали сите три во боја или сите три црно-бели
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Кај нас во 2 дена т.е. во 2 саботи сите ќе ги бранат проектите. На 7 и 21 април. Јас сум на 21, имам време. Мене не ми е страв, единствено не знам како да почнам, дали треба да се претставам, да кажам за што ќе зборувам. Не знам како да почнам. :worried:
     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ќе се претставиш и ќе кажеш за што ќе зборуваш т.е. името на проектната задача.Потоа ќе почнеш да раскажуваш што имаш во проектот,ама не од збор до збор.Јас така го бев цело научила ама нема потреба од се,само поважните работи.
    Не е толку страшно.Ќе можеш и да се потсетиш ако блокираш некаде.И јас така цел час се тресев од трема,па на крај добро испадна.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Да да, не мора од а до ш да учиш. Нас ни рекоа и на power point да направиме, па така ќе ни биде полесно. Иначе јас кога се консултирав со мојот ментор т.е класната она ми кажа дека најпаметно ќе биде сите четири примероци во боја да ги направам за да добијам пет без размислување :)
     
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    pupigirl јас колку што знам еден примерок е во боја, а другите два се црно-бели.

    инаку незз зошто, предходно на starbucks и советувавте да се претстави?
    Обично те прозиваат по име и презиме, ја кажуваат темата на проектната и ти си почнуваш да презентираш

    Мене менторот ми даде совет, намерно најважното нешто да го изоставам за да може баш тоа да ме прашаат, затоа ако кажеш се од точка до точка, не ке има што да те прашаат и ке ти ископаат некое прашање на кое ке се чудиш.
    А јас па намерно ја избрав најлошата професорка за ментор за да не може она да ми е во комисија па така за во комисија ми се паднаа двете најдобри професорки што го предаваа тој предмет.

    И без паника, не е толку страшно, плус професорите се од твоето училиште така да сигурно и попуштаат.
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Луѓе секогаш кога ќе видам дека некој пишал на темава и кога ја отварам срцево ме стега некако паника ме фаќа само од темава, а не па ко ќе почнам да ве читам :rofl: :( :x

    Јас во сабота бранам, во 9 треба да сум таму бе пааааа :worried: од 3 тури јас сум во 2рата. 1вата е сега во вторник, па чекам да ми кажат како поминале.
    За учењето, според мене од секој пасус по 3-4 реченици, една проектна не би требало да има повеќе од 7-8 пасуси да речеме и убаво склопено ете ни ги тие 15-20 минути. Ќе ја научам цела убаво, како да се лекции за учење за испрашување, значи се да знам, а ќе одберам накнадно што ќе кажувам, што не. Нема многу да детализирам, да не навлегувам зошто така ќе си го губам времето детализирајќи го третиот пасус да речеме, а и може да се заборавам, па да се збунам што сум кажала, што не и да се блокирам од толку трема, онака да не знам кај почнав - кај застанав и да не посветам внимание толку на другите пасуси, па да биде дисбалансирано. Не, не, не така.

    Во врска со тоа дали во боја или не, или сите црнобели или сите во боја. Моите се црнобели, ама имам само една слика на насловната на бизнисмени со договори во рацете, како се ракуваат итн. ама само како силуети се. Другото се ми е табели и пити со податоци. Заклучок: зависи од проектната. Ако имате поопштествена тема со повеќе слики поубаво би било да е во боја. Ама ако е математичка тема или како кај мене со доста статистика нема потреба. Мене менторот ми рече супер дека е, никаква боја никакви глупости, а и не можат да ви замерат другите од комисијата за тоа. Тоа е задача на менторот.
    Значи, за визуелниот изглед, бројот на страници на проектната, дали е во боја или не, слики колку има итн. не може никој освен менторот да ви кажува. А вие претходно требало да се консултирате за тоа. Другите 2ца од комисија можат само за содржината да разговараат со вас и ништо повеќе. :)

    Колку и да ми е страв, колку и да не сакам да дојде времето за презентирање, од друга страна толку и сакам да се отарасам и спасам веќе еднаш. Знам ќе заврши еден дел од обврските, и одам понатаму, а не вака ми стои ко камен на срце.
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Совет од патилец за проектниве :)
    Без трема, слободно, преставете си се, кажете ја темата и почнете да раскажувате, не мора да ја знаете на памет се секоја реченица, суштината да ја кажете со свои зборови.
    Јас се опуштв дури се нашаливме на крај за некој дел од мојот заклучок, со некоја си филосовска мисла :)
    И сигурни во себе, на крај поставуваат прашање, едно или две зависи од професорите кои ви се во комисија, не паничете не е страшно не прашуваат ништо што е надовор од темата.
    Мене ми текнува како вчера да ја баренев темата ми беше, Поделбта на власта во Рм, и не ме прашаа ни едно прашање, а право браневме само 10 души. Дури и се шегуваваа со сите нас :)
    Ама млади беа просфорите, па неќеа да не мачат многу :)
    Али имаше и 4ки ми текнува и 3ки дури неколку, оние кое ептен не си сватија работата сериозно.
    Затоа работа, без паника, и слободно, бидете сигурни во себе, и сигурно ќе си поминете лесно :)
    Со среќа, Плавуша и Старбакс 8)
     
    На starbucks и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Добро ни доаѓа ко мелем на душа охрабрување од некој што веќе го поминал тоа. Знаеме, свесни сме дека не треба да паничиме, ама ете барем од мене посилно е :worried: :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shlag-so-jagodi

    Shlag-so-jagodi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Девојки од постарите генерации, имам едно прашање во врска со есејот за матурата. Годинава од министерство дадоа соопштение дека есејот ќе биде од РОМАНТИЗАМ. Дали тоа значи дека ќе биде од светската литература или од македонската?? (или можеби од двете?!) А, да... Годинава не спомнаа ништо во соопштението за молба, жалба, интервју, сиви и сл... Тоа значи дека годинава ќе ги има?? Бидејќи лани јасно беше нагласено дека во учебната година 2010/2011 нема да ги има. Ме интересира дали тоа важи и за годинава. Знае некој??
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Молба, интервју.. нема да има. А темата за есејот е таа, ама дали ќе биде од нашата или светската литература ќе ни кажат тогаш.
     
  20. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Еве едно пресно искуство , денеска го презентирав проектот , и мислам дека супер поминав :) .Не е воопшто страшно иако сношти неможев ни да заспијам од страв што ме фаќаше :lol:
    Нема потреба од претставување,ионака ти даваат ливче да потполниш податоци за тебе ,треба само да си почниш да кажуваш кога ќе дојде твојот ред.
    Јас почнав со воведот, го кажав цел и ме прекинаа ,ми поставија уште 2 прашања од проектот и толку беше. :) Завршив со се пополнувањата на листот за 10мин .
    А во врска со тоа дали да има слики или не, дали да биде во боја, или да има повеќе од 12 страни сето тоа зависи од менторот.Секој ментор си има свои желби ,затоа на консултанциите требаше да прашате и да се договорите.Мојот немаше ни слики , ниту пак беше во боја, и имаше повеќе од 12 страни.


    Е сега друго јас да прашам, прочитав овде дека нема да има да се пишува молба,жалба .... а нели треба да има 2 есеја во матурата по македонски :^) Па тогаш за што би пишувале друго , кој ќе биде 2от есеј ? :?: