Деловидните броеви на сите сведителства се различни, проверив. Значи нема шанси тие да се... .... Меѓутоа од кај знаеш.
Како ќе бидеме информирани дали е се во ред денес? Ќе биде ли истакната ранг листа онлајн како за Штип или можеби на маил би не известиле?
Ранг листа на УКИМ ќе се истакне мислам на 3-ти прелиминарната со успех од средно а денес и утре се крајни рокови за пријавување, на УГД има листа бидејќи тие се пријавуваат порано, иначе кога ќе излезе ранг листата прелиминарна ако мислиш дека има било каков пропуст можеш да поднесеш приговор за да ти поправат и се да биде океј кога ќе искочи конечната ранг листа на 7-ми.
Да почекаме денес па доколку не добиеме одговор утре да контактираме со факултетите. Барем да сме на сигурно дека се е во ред, да не се случи ние се сме пратиле а они не виделе и не не пишале не дај боже.
Ама секој додека се изјави на факс кај им е крајот Изгледа затоа медицина и уште некои факултети немаат напоменето дека ќе добиваме повратен меил,да не се надеваме хахах
Здраво дечки.Ме интересира доколку се пријавам сега во првиот рок,доколку ме примат,дали следува некоја казна во случај да не се запишам на факултетот бидејќи сум примена?Или едноставно можам да не отидам на запишувањето?
Дечки, дали знаете нешто повеќе за вонредни студенти да ми објасните? Дали е истата сума за плаќање како редовните студенти или нешто повеќе за плаќање?
Здраво дечки, што мислите да пратиме меил до кај овие од фалкутетов за повратниот меил, да не биде после непратено и сл. па да не нерангираат некој од нас не дај боже и ни отиде првиов рок од уписов.. :/
За вонредни знам дека плаќаат 400 евра по семестар и дека одат само на полагања/испити Мислам дека нема казна може да се предомислиш пред да им ги дадеш документите а ако им ги дадеш 3 месеци неможеш да ги земеш бидејќи имаш потпишано изјава.
Сега ја уклучив пријавата што ја имав успешно испратено веќе од поодамна на upisi.ukim.mk и приметив дека веќе нема опција прати. Дали е тоа исто и кај друг некој.