Навистина незнам. Да пробате повторно да испратите? Или евентуално да го контактирате факултетот доколку повторно е така.
Јас искрено тоа го сваќам како да е испратено и повеќе нема да можам да ги менувам внесените податоци само можам да менувам или додавам документи ако сум испуштила некој при праќањето. Инаку кај мене откако испратив и направив refresh на страната повеќе го немаше затоа мислам дека нема врска тоа дека баш веднаш ми ја отвориле пријавата..
Не. Колку што знам не ни треба нешто да стигне бидејќи кога испраќаме се појавува дека пријавата е успешно испратена со што логично ми е и да го снема копчето “прати“ бидејќи можеме само еднаш да аплицираме. Кога испратив на email добив повратен меил од ФИНКИ дека успешно се примени скенираните документи, незнам вие за каде аплициравте и дали секој факултет испраќа поввратен меил. (пишуваше дека е Automatic reply така да верувам дека никој официјано нема отворено па да види дали се комплетно сите иако јас се што пратив на iknow испратив и на меил).
Кај мене порано го имаше и неколку пати имав и повторно претиснато но сега го нема. Доколку до утре го снема и кај останатите можно е да е поврзано со тоа дали се прегледани или не.