Мене уште ми стои пријавата 10пати отидов на прати и ништо Мене не ми е јасно како кај награди образецот, дефинитивно не се ок.
Вие што сте пратиле документи за медицински да знаете дека 1. Нема да добиете повратен мејл за аплицирањето (освен ако нешто фали или е пропуштено) 2. 31 и 01 се последните датуми за аплицирање а инаку ништо не се прави специфично за овие денови. Сега чекате 03 септември т.е петок за прелиминарните резултати каде што ќе бидат прикажани сите пријавени кандидани (не примени!) измешано значи ќе има огромна листа од 500-600 души подредени рандом пример со кратенки МЕД - за медицина , ДМСТ - за дипломирани медицински сестри , ДЛ - дипломиран логопед , ДФ- дипломиран физиотерапевт - МЛД - медицинско лабораториска дијагностика и ДА - дипломиран акушер. На оваа листа проверувате дали ве има и колку се пријавени. Е на 07.09 ќе излезе конечна листа на примени кандидани подредени по ред значи посебно за медицина посебно за тригодишните за секој смер. Јас кога конкурирав за лаборанти лани немаше многу пријавено па од 03.09 знаев дека сум примен бидејќи ги избројав сите пријавени во таа мешана листа и ги запишував поените на секој поединечно. Но ова за Општа е мачно и напорно бидејќи од квотата од 200 ќе има пријавено 400 студенти сигурно и сите да ги рангираш е напорно (иако е можно). После тоа на 07.09 ќе си има објавена конечна листа и на 10/11 септември се носат документите на факс заедно со плус уплатници за школарина , индексот и пријавните листови за семестар кои ќе ви ги наведат откако ќе пројдат уписите. П.С имаше некој начин да се подреди измешаниот список во excel ама не знам како одеше тоа, ако знае некој нека ви каже.
да , таму ќе бидат мешани подредени пример 1. бр. на пријава - МЕД - поени 95 2. бр. на пријава - СМС - поени 70 3. бр. на пријава - МЛД поени 74 итн... од сите смерови измешан список. Е на 07.09 ќе има официјален список. Но ти можеш и од 03 да знаеш дали би била примена ако седиш со саати на компјутер и ги пребројуваш сите пријавени и им ги споредуваш поените. Еве пример како излгедаше прелиминарната листа лани.
И кај мене е исто. Никако не исчезнува тоа прати... Дали ги менуваше документите, да не е до тоа? Фала ти мноогу! Lifesaver си!
И јас го имам истото напревено но ми нема стигнато никаков меил.. Другите, на сите ли ви има стигнато меил?
И кај мене до вчера ја имаше опцијата ПРАТИ, но утрово проверив и ја нема Па мислам дека повеќето сме закачиле образец А1, мислам тоа и го пишуваше на страната. На мене само ми стигна мејл од уписи.уким за дипломат, друго ништо. Аман веќе
Јас сега гледам дека кај прикачени документи имам 2 пати, универзитетски пријавен лист. А немам појма што сум закачила на другото Сепак мислам дека ако нешто не е во ред ќе ни напишале мејл како за дипломата
Да и пред неколку дена во пакет информации на страната на фармацевтскиот факултет додале за мејлот и дека електронски ќе бидат уписите. Инаку сега само што им пишав на месанџер да прашам дали се пристигнати и дали се е во ред со пријавата и маилот па ќе почекам да видам дали би одговориле.