Ама како ќе се претставиш кога веќе те знаат професорите.... не ќе речам јас сум Пупи и ова ми е презентацијата... Мојата менторка ми кажа дека презентацијата треба да трае од 5 до 7 минути и после следуваат прашања од другите професори. Дел од презентацијата треба да се знае усно, дел може да се чита. Останатите професори не влијаат толку на оценката, зошто неа ја одредува менторот. Тие само ги поставуваат прашањата
Да, знам за есејот на тема романтизам .Но нели ланската година имало покрај есејот да напишиш и некое од оние административните, молба , Цв
Во матурата по македонски имаш 2 теми, не 2 есеја, што значи дека тебе ќе ти се падне една тема од некое дело (најверојатно романтизмот како што нас ни кажаа) и една слободна тема и ти треба да избереш дали ќе пишуваш за делото или слободната тема
Не може секој да пишува на слободната тема, обично тие што пишуваат на неа добива помалку поени заради промашување на темата, ама тоа зависи од личноста и нејзината способност за пишување Јас ќе си одберам за романтизам... па како сака нека е насловот
Ок, женски ајде од овај месец почнуваме да држиме дополнителни часови за матурата па ваљда ќе дознаеме нешто повеќе , да ги расчистиме овие работи Фала ви сепак
Лани немаше ниту едно од овие. Имаше две теми за еден есеј-си избираш тема и пишуваш есеј. Јас по н-ти пат ќе кажам не се потресувајте, прочитајте си го прирачникот и спремни сте. Ние немавме никакви дополнителни часови па од класот само неколку 3ки, останатото се 4ки и 5ки беа.
Зошто кај нас мислам дека рекоа темата за есеј била од РЕАЛИЗАМ? (така прочитале на страната од матура) не од романтизам.
Има ли овде девојка која ја полагала матурата во 2010...? Ми треба темата за есејот од таа година...?
Есејот оваа година ќе се пишува низ две дела „Странствувањето на Чајлд Харолд“ и „Евгениј Онегин“ така кажа професорката. Стварно не ми е јасно како може „Вертер“ на Гете да биде изоставен од есејот, и „Гарванот“ на Едгар Алан По да речеме Лош избор!
А дали испитот за гимназии и за средни стручни училишта е ист тест? Ако е ист, сигурно Вертер е изоставен затоа што мислам дека во стручните училишта не го учат Гете.
Да, ист е тестот за сите училишта во цела Македонија, значи 1 тест постои по македонски јазик, видиш тоа не ми текна. А па ние Евгениј Онегин ја имаме во програмата, ама не ја обработувавме и ќе ја обработуваме кај и да е, а Вертер баш убаво го разработивме, а на Гарванот колку внимание посветивме секаква анализа правевме и од литературен и од граматички аспект, и стилски изразни средства, абе се се... баш ми е криво
Проектните во моето училиште ќе се полагаат после Велигден. Рано ми е има време, ама некако имам многу трема, менторот ме советуваше да ги извадам најглавните работи од темата, на пауер презентација за да ми биде полесно, но секако и да си ја научам убаво Се надевам ќе поминам добро
Моја грешка, грешно ни пренела една професорка, од романтизам ќе е. Странствувањата на Чарлс Харолд или Евгениј Онегин.