Ние што бевме нерангирани и сменивме смер после прелиминарните резултати треба нов интерен лист да печатиме со новиот смер?
Не е проблем, на упис не те ни гледаат, им ги даваш документите на шалтер, ги примаат и толку. Воопшто не игра улога дали си ти или некој друг.
што треба да се направи откако си примен на факултетот? сите документи треба да ги однесам? кога треба да уплатам? ако може некој да ми објасни се
На страната од факултетот би требало да има некоја објава за запишување каде ги пишува потребните документи за запишување како и времето во кое треба да сте присутни за запишување. Да уплатиш треба порано бидејќи треба да ги приложиш уплатниците.
Мора вие лично да одите зошто ќе треба да давате потписи на дополнителни документи што таму ќе ви ги дадат. Во книжара се купува ова, кажете им да ви дадат се за упис, знаат што треба. Spoiler: Овака изгледа
zdravo, ako se zapisam prva god farmacija, dali ke treba mnogu predmeti da dopolagam za da se prefrlam vtora god medicina?
Дечки здраво. Дали може некој да ми каже од која книжара (ако може и подетален опис кај се наоѓа точно) ги имате купено индексот,легитимацијата и другите образци? Фала
Јас од кај правен ги земав, а имаш Трио книжара кај медицински, иди мале поназад на страниве една членка имаше пишано уште некое место кое не го памтам. Сигурно има и кај градежен тоа е таман на партизанска
Здраво дечки, јас се запишав на смер молекуларна биологија со генетика. Имам 84 бодови (две тројки и две четворки во средно) и мислев дека ќе бидам примена на тој смер. Бев толку сигурна што втор избор не ни гледав(ми беше биологија втор избор и го оставив така) мислев дека ќе бидам во приватна квота 100%. Сега работата е што не ме примиле за смер молекуларна биологија, туку за наставна биологија (вториот избор). Дали можам да се префрлам на молекуларна биологија некако?
Секој факс си има објавено кој кога треба да оди. Пример-медицина по букви е, едни се од (лупам време) 10:00-13:00 други од 13:00-16:00 во Петок, другите на 13.09 пак со часови поделено.
Аха добро, најдов Сепак фала ти Имам уште едно прашање За на филозофски, нели на страната на факултетот има дел документи потребни за запишување, каде што има наведено индекс, студентска легитимација, слики, уплатена рата итн. Се тоа треба да се однесе заедно со документите од пријавата на iknow на денот на запишувањето?